Кои ќе бидат најсреќните денови во јуни?

Кои ќе бидат најсреќните денови во јуни?

Во текот на јуни ќе бидеме под влијание на многу планети и нивните движења. Сè до 3 јуни ќе бидеме сведоци на ретроградното движење на Меркур. Дури потоа ќе можеме да се фокусираме на оние нешта на кои не можевме да им посветиме внимание.

Кои ќе бидат најсреќните денови во јуни?

Почнувајќи од 13 јуни, Меркур ќе премине во Близнаци. На почетокот на јуни и Сонцето ќе биде во истиот знак што ќе ни донесе енергија и многу нови активности. Астролозите нè советуваат да бидеме љубопитни и подготвени за нови можности.

Освен тоа, на 30 мај ќе настапи млада Месечина која ќе биде во знакот Близнаци и ќе има влијание врз нашите животи. Овој хороскопски знак е познат по потребата за комуникација, информации и авантури. Неговото влијание ќе се одрази преку нашите обиди да се поврземе со другите и да излеземе од нашата удобна зона.

На 21 јуни Сонцето ќе премине во Рак. Овој настан официјално ќе ја одбележи летната краткодневица. Според астролозите, во овој период неопходно е да размислиме во која насока се движиме, но и да ја процениме моменталната стабилност.

Планетата на љубовта и убавината, Венера, ќе остане во знакот Бик од 28 мај до 22 јуни. Нејзината енергија ќе им донесе на многумина страст и романса. Астролозите сметаат дека љубовта што ќе ја најдеме во овој период ќе трае вечно. Освен тоа, Венера ќе ги разбуди нашите таленти, а ќе влијае позитивно и врз нашите финансии.

На 28 јуни, пак, ќе настапи млада Месечина во Рак, а тоа ќе значи време за промени. Младата Месечина вообичаено отвора нова врата во нашите животи, па така во овој период енергијата на универзумот ќе нè натера да ја напуштиме нашата удобна зона.

За време на транзитот на Јупитер низ знакот Овен, особено до 28 јули 2022 година, можеме да очекуваме многу страсти, импулсивни одлуки и реакции.

Откако прочитавте кои ќе бидат најсреќните денови во јуни, можеби ќе сакате да го прочитате и хороскопот за летото 2022 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар