Преку глава ви е од обврските и работните задачи? Еве како да се справите со нив!
Дали честопати се чувствувате преоптоварени со обврски и задачи? Дали сте ги искусиле моментите кога сите го бараат вашето внимание, а вие не можете повеќе да издржите и мислите дека главата ќе ви експлодира? Во продолжение прочитајте како да се справите со таквите ужасни денови.
1. Вдишете длабоко
Честопати, кога сте под стрес го задржувате здивот поради зголемената напнатост во мускулите. Затоа, не заборавајте да дишете. Вдишете длабоко 3 секунди и издишете 3 секунди. Ставете ја раката на стомакот за да почувствувате како се полни со воздух. Повторете ја постапката неколку пати сè додека не се почувствувате посмирено.
2. Излезете на прошетка
Ако е возможно, одвојте малку време за прошетка. Пешачењето не само што ќе ве смири туку и ќе ви помогне да ви се разбистри умот.
3. Пронајдете ја причината за преоптоварувањето
Една од причините поради која е тешко да се размислува правилно кога се чувствувате преоптоварени со обврските е тоа што не сфаќате во моментот кои се тие задачи и обврски. Свесни сте за тоа дека имате многу работа, но не знаете што точно треба да направите, а тоа е огромен товар сам по себе. Во ваков случај, најдобро е да направите список на вашите задачи.
4. Направете план
Откако ќе го направите списокот со задачи, анализирајте го одново и направете нов список каде задачите ќе ги подредите почнувајќи од најприоритетните. На тој начин ќе ви биде полесно и да направите соодветен план за да им посветите време и внимание на задачите кои ви се поважни во моментот.
Откако прочитавте како да се справите со чувството на преоптоварување, можеби ќе сакате да прочитате и нашите едноставни вежби за брзо опуштање и ослободување од стрес.
Извор: themindsjournal.com