КАФЕ ПАУЗА

Што е нутритивен квасец и како може да се користи во исхраната?

Што е нутритивен квасец и како може да се користи во исхраната?

Нутритивниот квасец го добил името по бројните витамини, протеини, минерали и антиоксиданти што ги содржи. Истражувањата покажале дека содржи многубројни здравствени придобивки, а во продолжение ви откриваме дел од нив.rnrnШто е нутритивен квасец и како може да се користи во исхраната? rn

Што е нутритивен квасец?

rnНутритивниот квасец е неактивен вид квасец што се произведува од шеќерна трска или шеќерна репка и меласа. Додека обичниот квасец е „жив“ или активен, нутритивниот вид се деактивира кога се загрева, се мие и се суши. Постои обична и збогатена верзија на овој вид квасец. Обичната верзија содржи само витамини и минерали кои природно ги создаваат клетките на квасецот додека растат. Збогатениот квасец содржи синтетички витамини кои се додаваат вештачки и овој вид е најзастапен на пазарот.rn

Форма и вкус на нутритивниот квасец

rnОвој вид квасец може да се најде во форма на гранули, снегулки или прав, а честопати може да се користи и како состојка во одредени зачини. Бидејќи е вегански, не содржи масти, глутен, шеќер и може да се користи со секаков вид на исхрана. Вкусот потсетува на сирење и јаткасти плодови и има зачинета арома.rn

Здравствени придобивки на нутритивниот квасец

rn

Витамин Б12

rnНутритивниот квасец содржи витамин Б12 кој е неопходен за здрав нервен систем и за производството на еритроцити како и енергија за целото тело. Бидејќи овој витамин го има најмногу во храната од животинско потекло, нутритивниот квасец особено им се препорачува на веганите.rn

Антиоксиданси

rnКако што сите знаеме, антиоксидансите ги штитат клетките од слободните радикали, а овој вид квасец изобилува со антиоксидантни соединенија.rn

Го намалува нивото на лошиот холестерол

rnЕдно истражување покажало дека 15 грама бета глукан дневно може да го намали нивото на лошиот холестерол за 6%.rn

Како да го користите

rnАко се складира правилно (на темно и ладно место), овој квасец може да трае и до две години. Можете да го користите како додаток на шпагети, супи, чорби и вегански сосови. Исто така, можете да додадете една лажичка од овој квасец врз пуканки. Иако нутритивниот квасец е генерално безбеден за консумирање, луѓето кои се алергични на обичниот квасец не треба да го користат. Истото важи и за оние кои имаат проблеми со варењето на фолната киселина.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од нутритивниот квасец, ви препорачуваме да прочитате и што е бета-глукан и зошто му се припишуваат супермоќи.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs