Пандемијата на коронавирус сè уште трае, а згора на тоа постојано чувствуваме притисок од сите страни и имаме еден куп обврски. Среде сето ова „лудило“ забораваме на сопственото здравје и благосостојба. Сепак, постојат начини како да се справиме со стресот и анксиозноста во даден момент. Прочитајте во продолжение за што се работи.rnrn
rn
Проанализирајте ги вашите чувства
rnСите кога ќе се разбудиме наутро првото нешто што правиме е да го испланираме денот. Ги проверуваме мејловите, пораките на телефон, распоредот. Наместо тоа, обидете се првин да се анализирате себеси. Почнете да водите дневник во кој детално ќе ги запишувате вашите чувства. Со текот на времето ќе се чувствувате посмирено и ќе имате повеќе концентрација за извршување на работните обврски.rn
Моќта на допирот
rnДопирот има смирувачка и лековита моќ. Спојте ги рацете и ставете ги на градите како при молитва. Држете ги рацете неколку секунди во оваа положба и размислувајте за тоа кои сте вие, што сте постигнале досега и кои се вашите следни цели.rn
Пет минути среќа
rnСоздадете си катче во домот што ќе биде вашето бегство од реалноста, без разлика дали се работи за удобна фотелја, кревет или тераса. Оставете го телефонот настрана и сварете си го омилениот чај. Додека го пиете, обидете се накратко да заборавите на сите проблеми што ве мачат и фокусирајте се на сегашноста.rn
Променете го местото на седење
rnПо долгото, напорно работење во канцеларија, седнете на подот. Кога чувствувате дека ја губите контролата, контактот со цврста површина како што е подот или земјата ќе ве смири и стабилизира.rn
Фантазирајте
rnЧовечкиот мозок не може да биде 100% фокусиран повеќе од 90 минути. Затоа, почесто правете кратки паузи во текот на работното време. На сите ни треба момент кога едноставно ќе го пуштиме умот да талка.rnrnОткако прочитавте кои вежби можат да ви помогнат за брзо да се опуштите, можеби ќе сакате да ги откриете и вежбите за опуштање кога имате 1, 2 или 3 слободни минути.rnrnИзвор: lepotaizdravlje.rs