Шкотска е навистина магична земја, иако нејзините природни убавини не се доволно нагласени. Затоа, доколку сакате да ја запознаете подобро оваа земја, покрај Единбург и Глазгов, би требало да ги посетите и овие дестинации.rn
Базенот на самовилите на островот Скај
rnСкај е романтичен остров кој изобилува со преубави пејзажи. Базенот, всушност, се состои од водопади со кристално чиста вода кои се сметаат како место за духовно исцелување. Постојат легенди дека тука се капеле самовили.
rn
Капелата Рослин
rnБројни теории на заговор се врзани за оваа капела која датира од 15 век и се наоѓа во близина на Единбург. Местото зрачи со мистична енергија што го прави посебно привлечно за филмските режисери. Внатрешноста на капелата е покриена со симболи и знаци поврзани со масони, темплари и раните христијани и е предмет на историски контроверзии.
rn
Финич Глен
rnСтанува збор за клисура каде се наоѓа карпа со морничаво име – „Ѓаволска проповедница“. Местото изобилува со легенди за пагански ритуали и приказни за келтските друиди. Освен тоа, овде била снимана и серијата Outlander во 2014-та година.
rn
Гленко
rnПланината Гленко е место со морничаво минато – тука се одвивала егзекуцијата на кланот Мекдоналд во име на новоизбраниот крал во 1691 година. Легендите велат дека нивните духови сè уште кружат, а нивните фантомски гајди се слушаат одвреме-навреме.
rn
Престолот на кралот Артур
rnИзгаснатиот вулкан кој се наоѓа во близина на Единбург според некои легенди се смета за местото каде се наоѓал Камелот, кралството на кралот Артур и витезите на тркалезната маса. Друга легенда вели дека карпата била змеј кој толку многу се прејал што заспал и се претворил во камен.
Откако прочитавте кои места морате да ги посетите доколку патот ве одведе накај Шкотска, можеби ќе сакате да прочитате и за градините на космичка шпекулација во Шкотска.
Извор: punkufer.dnevnik.hr

