Зошто треба почесто да консумирате краставици?

Сподели

Дали знаевте дека краставиците не само што се нискокалорична храна туку и изобилуваат со витамини и минерали? Тие потекнуваат од Индија и со векови се користат во традиционалната индиска медицина благодарение на нивните здравствени придобивки. Еве зошто треба почесто да ги консумирате.

Реклама

rn

1. Поволни за хидратација на организмот

rnВодата опфаќа околу 96% од вкупниот состав на краставиците, така што доколку изедете една краставица ќе биде исто како да сте испиле голема чаша вода. Хидратацијата на организмот игра голема улога во регулирањето на неговите функции со оглед на тоа дека помага за елиминирање на отпадот, ја регулира температура и го штити мозокот. Освен тоа, краставиците содржат и калиум кој му помага на телото да го одржува балансот помеѓу електролитите и течностите.rn

2. Дејствуваат поволно врз работата на дебелото црево

rnПокрај големото количество вода, краставиците содржат и растворливи влакна кои ја подобруваат функцијата на дебелото црево.rn

3. Можат да ја подобрат работата на срцето

rnСо оглед на тоа дека имаат релативно низок состав на натриум и висок процент на калиум, краставиците се одличен избор доколку имате висок крвен притисок. Едно истражување во Индонезија спроведено врз 20 постари луѓе ја открило поврзаноста меѓу пиењето сок од краставица и намалувањето на притисокот што се должи на минералите присутни во овој зеленчук. Сепак, потребни се повеќе испитувања за да се испита докрај неговото влијание врз здравјето на срцето.rn

4. Помагаат во регулирање на шеќерот во крвта

rnКраставиците се карактеризираат со низок гликемиски индекс што е особено добра вест за оние кои се борат со дијабетес. Покрај тоа, постојат теории дека одредени состојки во овој зеленчук можат да помогнат при регулирањето на инсулинот. Ова може да се должи на антиоксидантските и антиинфламаторните својства на краставиците.rn

5. Го одржуваат здравјето на коските

rnПокрај горенаведените минерали, краставиците содржат и витамин К кој е особено важен за регулирање на протеинскиот состав на коските. Освен тоа, овој витамин помага и во регулирање на количината на калциумот во телото што е особено важно за здрави и силни коски.

Откако прочитавте зошто е важно краставиците да бидат дел од вашата исхрана, можеби ќе сакате да го прочитате и нашиот рецепт за ладни сендвичи со краставица.

Извор: greatist.com

Популарно

Може ќе ве интересира