Рецепт за француски специјалитет: Вкусен и лесен за подготовка!

Рецепт за француски специјалитет: Вкусен и лесен за подготовка!

Hachis Parmentier е класично јадење од француската кујна кое се состои од пире од компири и мелено говедско месо. Се работи за еден вид англиска овчарска пита.

Рецепт за француски специјалитет: Вкусен и лесен за подготовка!

Сепак, доколку не јадете месо или одлучивте да го намалите внесот на храна од животинско потекло, можете да ја направите вегетаријанската верзија на ова јадење. Наместо мелено месо, користете сезонски зеленчук, но не заборавајте ги главните состојки на француската кујна – путерот и сирењето.

Потребни состојки за пире од компири:

  • 1 килограм компири
  • 165 милилитри млеко
  • 100 грама путер
  • сол и бибер по желба

Состојки за филот:

  • 500 грама сечкани тиквички
  • 165 милилитри супа од зеленчук
  • 3 лажици екстра девствено маслиново масло
  • 2 моркови
  • 1 праз
  • 200 грама рендано сирење
  • сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

1. Излупете го компирот и исечете го на ситни коцки. Ставете ги коцките во вода и кога водата ќе зоврие варете ги околу 15 до 20 минути додека не омекнат.

2. Исцедете ја водата и згмечете ги компирите во форма на пире. Постепено додавајте го загреаното млеко и парчињата путер. Измешајте ги состојките и додадете сол и бибер по желба.

3. Во тенџере со средна големина загрејте го маслиновото масло и измешајте ги морковите и празот (претходно исечкани на коцки). Нека се динстаат заедно сè додека не омекнат.

4. Додадете ги ситно исечканите тиквички и оставете ги на ниска температура околу 5 минути.

5. Посипете ја супата од зеленчук и варете сè додека не испари поголемиот дел од течноста. Додадете сол и бибер по желба.

6. Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови.

7. Ставете ја смесата од морков, праз и тиквички во огноотпорен сад. Рамномерно распоредете го пирето од компири врз зеленчукот, а на крајот посипете рендано сирење.

8. Печете сè додека да се растопи сирењето, а компирот да добие златно-кафеава боја. Ќе бидат доволни 20 минути. Послужете го јадењето додека е топло со салата по желба. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот рецепт за овој превкусен француски специјалитет, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за крцкави ќофтиња од компири и сирење.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар