Како да се справите со траумата од претходната љубовна врска?

Како да се справите со траумата од претходната љубовна врска?

Понекогаш, соочувањето со траумите од поранешната љубовна врска е една од најтешките работи во животот. Дали сметате дека вашата сегашна врска ќе функционира нормално ако не се справите со траумата од претходната?

Како да се справите со траумата од претходната љубовна врска?

Колку и да сакаме во веруваме во старата поговорка дека „времето лечи сè“, сепак тоа е лага. Дури и ако сме доживеале траума пред десетици години, сè уште може да ги чувствуваме негативните последици. Таквите последици можат да остават длабоки траги, особено во нашите односи со другите.

Сепак, постојат начини како да ја надминете траумата од претходната врска така што нема да ви влијае врз сегашната. Прочитајте во продолжение за што конкретно станува збор.

Споделувајте ги вашите чувства со партнерот

Можеби една од најтажните работи кај луѓето е тоа што честопати нивните мисли остануваат неискажани па затоа тие не наидуваат на разбирање од другите. Токму затоа, неопходно е да зборувате со партнерот и да му оставите до знаење како тие трауматски настани влијаеле врз вас. Освен тоа, неопходно е партнерот да биде во тек со она што ви се случува. Ова ги вклучува сите непријатни мисли, кошмари и чувства на лутина или срам. Не заборавајте дека партнерот нема да може да ви помогне доколку не му дозволите.

Направете план за справување со вашите мисли и споделете го со партнерот

Кога еден куп мисли ве мачат, тешко е да се ослободите од нив преку процесот на исцелување. Но, доколку го споделите планот со вашиот партнер, тој сигурно ќе ви помогне. Важно е да им дозволите на негативните емоции да излезат на површина. Доколку продолжите да ги чувате во себе не само што ќе биде нарушено вашето ментално здравје туку најверојатно тоа ќе биде причина и за влошување на односот со партнерот.

Траумата нека ви послужи како инспирација

За побрзо ослободување од негативните чувства, можете да ги пренесете на лист хартија. Сепак, доколку пишувањето не е ваша силна страна, можете да користите и други форми преку кои ќе направите длабока анализа на она што ви се случило – танц, песна, уметност, сè што ќе ви овозможи да го раскажете она што ви се случило. Сигурно ќе се чувствувате подобро на крајот од целиот процес.

Разговарајте со терапевт

Сосема е нормално да чувствувате страв од опишување на траумата која веќе сте ја доживеале. Не е воопшто лесно да се сеќавате на болните искуства од минатото, без одново и одново да почувствувате болка. Во тој случај можете да контактирате терапевт кој ќе ви ги даде потребните насоки за како најдобро да се справите со тоа.

Откако прочитавте како да се справите со траумата од претходната љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 знаци ќе ви покажат дека сте во здрава љубовна врска.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар