КАФЕ ПАУЗА

Прашањето со чија помош можете веднаш да го процените карактерот на луѓето

Доколку спроведувате интервју за работа или имате прва средба со некого, немате големи шанси да откриете некоја карактерна особина од нивното резиме или од нивните профили на социјалните мрежи. Но, како би можеле да го разоткриете нивниот карактер и да разберете за каква личност станува збор во најкус можен рок?rnrnПрашањето со чија помош можете веднаш да го процените карактерот на луѓетоrnrnИстражувањата покажуваат дека постои еден доста лесен и едноставен начин да го направите тоа со само неколку зборови. Доколку сакате да дознаете некоја карактеристика, само најдете начин да ја прашате личност колку сметаат дека таа карактеристика е честа кај луѓето. На пример, доколку сакате да дознаете дали некој е искрен или не, едноставно прашајте ги „Дали мислите дека повеќето луѓе се искрени или неискрени?“rnrnИли ако се работи за колега, прашајте го/ја дали мисли дека некој друг колега или колешка се искрени или не. На овој начин ќе дознаете не само за личноста која ја опишуваат, туку и за самите нив.rnrnСпоред истражувањето спроведено во Универзитетот Wake Forest од страна на професорот Дастин Вуд, се покажува дека колку позитивно луѓето гледаат врз другите е поврзано со тоа колку се среќни, љубезни и емоционално стабилни. Во контраст, негативните перцепции за другите се поврзани со повисоки нивоа на нарцизам и антисоцијално однесување.rn

„Вашите перцепции за другите откриваат многу за вашиот карактер. Голем дел од негативниот карактер се поврзува со негативните погледи кон другите. Едноставната тенденција да ги гледате луѓето негативно покажува зголемена веројатност за депресија и разни карактерни нарушувања“, вели проф. Вуд.

rnЛуѓето обично ги гледаат своите квалитети во другите. Љубезните и дарежливите личности ги гледаат и другите како љубезни и дарежливи. Посебичните луѓе ги гледаат како себични. Затоа, кога нареден пат разговарате со некого, прашајте ги колку мислат дека луѓето се искрени и добри и ќе дознаете каков однос ќе имате со таа личност.