Многумина од нас не можат да му одолеат на помфритот и покрај тоа што сите сме свесни дека е нездрава опција. Затоа, ако одлучивте да ги намалите килограмите или едноставно сакате да се храните поздраво, можете да ги испробате овие јадења кои се здрава алтернатива на помфритот.rn
Помфрит од тиквички со пармезан
rnТиквичките имаат многу помалку јаглехидрати од компирите. Една тиквичка со средна големина има само 4 грама јаглехидрати, додека компирот со истата големина има 15 грама јаглехидрати. Покрај тоа, тиквичките не содржат глутен и се одлична опција за здрава, вкусна закуска. Доволно е да ги премачкате со јајце и пармезан и да ги ставите да се печат во рерна околу 20 минути, а потоа да посипете сол и црн пипер. На вас останува само да го изберете сосот.
rn
Чипс од кељ
rnИако не е целосна замена за помфрит, чипсот од кељ совршено ја задоволува желбата за солено и многу поздрава опција од помфритот и чипсот, а покрај тоа, и лесно се приготвува. Сè што ви е потребно се листови од кељ, маслиново масло и сол. Друга добра работа за кељот е што не содржи многу калории и јаглехидрати па така можете да го консумирате во кое било време.
rn
Помфрит од авокадо
rnДоколку обожавате авокадо, ќе ви се допадне овој рецепт. Парчињата авокадо премачкајте ги со бадемово брашно или пармезан и пржете ги на масло. Ќе добиете помфрит кој е крцкав однадвор, а сочен однатре. Авокадото е полно со здрави масти така што не морате да се ограничувате во поглед на количината.
rn
Слатки компири
rnДоколку не ви се допаѓаат горенаведените опции со помалку јаглехидрати, можете да пробате со сладок компир. Слатките компири се карактеризираат со речиси истата количина на јаглехидрати, но за разлика од обичниот компир, содржат повеќе влакна, антиоксиданси и витамин А. Покрај тоа, тие имаат понизок гликемиски индекс па затоа имаат помало влијание врз нивото на шеќерот во крвта.
Откако ги прочитавте нашите опции како замена за помфритот, можеби ќе сакате да прочитате и како пржената храна влијае врз вашето здравје и зошто треба да ја избегнувате.
Извор: punkufer.dnevnik.hr

