Освежувачки и неодоливо вкусен: Рецепт за чизкејк со лимета
Добриот чизкејк со лимета е вистинско пролетно освежување со сочен крем и крцкава кора. За негова подготовка не ви се потребни големи готварски вештини – доволно е да имате блендер и миксер.
Потребни состојки:
За основата:
- 180 грама мелени чајни бисквити
- 5 лажици путер
- 3 лажици шеќер во прав
Состојки за филот:
- 450 грама намаз со сирење
- 135 грама шеќер
- 60 милилитри сок од лимета
- 3 големи јајца
- 2 лажици кисела павлака
- 1 лажичка кора од лимета
Состојки за кремот:
- 180 грама шлаг крем
- 2 лажици шеќер во прав
- 2 лажици кисела павлака
- ½ лажичка кора од лимета
- ½ лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.
2. Во блендер сомелете ги бисквитите и измешајте ги со шеќерот и растопениот путер. Треба да добиете смеса како влажен путер.
3. Смесата распределете ја рамномерно на подмачкан калап за торти и печете околу 10 минути сè додека не добие убава златно-кафеава боја. Извадете го калапот од рерна и оставете го настрана.
4. Со миксер измешајте ги намазот од сирење и шеќерот. Додадете ги павлаката, сокот од лимета и кората од лимета и мешајте околу една минута.
5. Постепено додавајте едно по едно јајце сè додека не се соединат сите состојки.
6. Распределете го кремот врз основата и колачот ставете го во рерна околу 30 до 35 минути, додека рабовите не се испечат убаво, а средината не остане малку мека.
7. Оставете го колачот да се излади, а потоа ставете го во фрижидер да отстои околу два часа.
8. Со миксер изматете ги шлаг кремот и шеќерот во прав, додадете ги павлаката, кората од лимета и екстрактот од ванила. Добиениот крем нанесете го врз изладениот чизкејк и веднаш послужете.
9. Украсете со парчиња лимета по желба. На здравје!
Откако го прочитавте нашиот рецепт за чизкејк со лимета, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за чизкејк со кокос.
Извор: punkufer.dnevnik.hr