КАФЕ ПАУЗА

6 неверојатни шпански навики и обичаи

6 неверојатни шпански навики и обичаи

На сите нам ни е добро познато дека обичаите ширум светот се разликуваат, па така на пример, кај нас е сосема нормално да оставите бакшиш во ресторан, но Јапонците никогаш не би го направиле тоа. Овој пат решивме да ѕирнеме накратко во шпанските обичаи…rnrn6 неверојатни шпански навики и обичаиrnrn rn

Излегување со мокра коса

rnКолкупати родителите ве предупредиле да не се шетате со мокра коса? Па, во Шпанија одамна се откажале од тоа бидејќи Шпанците (како и луѓето од други земји) имаат навика да ја мијат косата наутро, а не навечер. Така, како резултат на навиката да ги правите нештата „мањана“ (утре), миењето на косата честопати се одложува сè до последен момент пред Шпанците да одат на училиште или работа. Тоа важи буквално за сите, од 7 до 77 години.rn

Повторување на придавките безброј пати

rnКога ќе видите убава девојка, сосема е нормално да кажете: „Колку е убава девојкава“. Шпанците пак, барем три пати ќе го истакнат тоа, па очекувајте реченица од типот: „Колку е убава, убава, убава девојкава.“rn

Излегување во кафуле/бар со децата

rnВо Шпанија е сосема во ред да одите во бар со целото семејство. Навечер, па дури и доцна во ноќта, можете да ги видите родителите како се забавуваат, а на масата до нив – спијат нивните деца! Ова се смета за сосема нормално, а можеби и поради тоа Шпанците добро се справуваат со бучавата, со оглед на тоа дека се навикнати уште од детството…rn

Го лупат речиси секое овошје

rnНе само што лупат портокали, лимони и мандарини туку Шпанците го лупат речиси секое овошје, а за тоа има едноставно објаснување. Луѓето во руралните средини немале секогаш пристап до чиста вода, па за да се заштитат од штетните бактерии редовно го лупеле секое овошје. Ќе се согласите дека е навистина тешко да се ослободите од некои навики.rn

Поделба на сметката на еднакви делови

rnЗа разлика од германскиот модел на плаќање каде секој си плаќа она што си нарачал – кај Шпанците тоа е поинаку. Тие ја делат сметката на еднакви делови. Така, ако сте петмина, а сметката изнесува 100 евра, се очекува секој да плати по 20 евра, без разлика колку и да чини она што сте нарачале.rn

Страв од вторник

rnСпоред постарите Шпанци, луѓето во вторник не треба да организираат венчавки, да патуваат или да се селат. Се верува дека вторник е ден на богот на војната (Арес или Марс), па затоа е подобро да не се прави ништо тогаш…rnrnОткако прочитавте за дел од необичните шпански навики и обичаи, можеби ќе сакате да прочитате и зошто Британците возат на левата страна и уште 10 нормални работи во некои земји што ги збунуваат странците.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr