КАФЕ ПАУЗА

3 ајурведски техники за балансирање на умот и телото

3 ајурведски техники за балансирање на умот и телото

Written by

in

,

Ајурведски кажано, се приближуваме кон крајот на вата сезоната и влегуваме во кафа сезоната која се јавува во втората половина на зимата и почетокот на пролетта. Ајурведските принципи имаат за цел да ни посочат како да останеме во рамнотежа, особено кога се работи за промена на годишните времиња. Кога станува збор за кафа сезоната, елементите кои би ни помогнале да постигнеме некаков баланс се токму светлината, топлината и инспирацијата. Во продолжение прочитајте кои три техники можат да ви помогнат да се чувствувате најдобро во своја кожа овој период, кога зимата лека-полека си заминува.rnrn3 ајурведски техники за балансирање на умот и телотоrn

1. Медитација со гледање во пламенче од свеќа

rnЕлементите како воздух и етер можат брзо да ја разбијат тешката и густа енергија. Еден од најдобрите начини за внесување оган и воздух во нашиот живот е токму медитацијата наречена тратака. Тратака е техника со гледање во пламенче од свеќа и вклучува фиксирање на видот во една точка. Техниката започнете ја така што ќе ги држите очите отворени и опуштени најмалку 5 до 10 минути додека гледате во пламенот. Нормално, очите ќе се насолзат бидејќи тоа е дел од процесот на прочистување. Во еден момент затворете ги очите и обидете се да го визуелизирате пламенот со вашето трето око. Со текот на времето, можете да работите 20 минути или дури и еден час на оваа техника.rn

2. Научете нешто ново

rnКонцептот на учење нови работи го активира огнениот елемент во нас. Го разгорува пламенот на љубопитноста и нè поттикнува да ги следиме нашите страсти. Ни го дава потребниот стимул да излеземе надвор од нашата удобна зона и да најдеме нови интереси. Не мора ова „ново нешто“ да биде вашата најголема страст; доволно е да ја следите вашата љубопитност.rn

3. Сменете ја вашата рутина

rnСпоред ајуведскиот стил на живот, утринските и ноќните рутини се многу важни елементи бидејќи преку нив се грижиме за умот и телото. Меѓутоа, како што годишните времиња се менуваат, така и ние самите сфаќаме колку е важно да ја прилагодиме нашата рутина. Особено важни ритуали за време на кафа сезоната се медитацијата и пиењето топла вода со лимон. Тие им помагаат на телото и умот да се исчистат од отровите и негативната енергија. Вашата рутина можете и да ја надополните со повеќе активности како на пример танцување или прошетки во природа. Понекогаш е доволна сосема мала промена за да постигнете одлични резултати, а вашиот ум и тело ќе ви бидат благодарни за тоа!rnrnОткако прочитавте за ајурведските техники за балансирање на умот и телото, можеби ќе сакате да прочитате и за едноставен 10-минутен метод од ајурведата за прочистување на телото и заштита од болести.rnrnИзвор: mindbodygreen.com