Масако Вакамија е далеку од обичен, типичен граѓанин. Со својата 81 година, оваа Јапонка создала апликација за ајфон и сака да ги инспирира и другите постари луѓе да го направат истото.rnrn
rnrnАпликацијата наречена Hinadan, се заснова на традиционалниот јапонски празник, познат како Денот на девојките.rnrn
rnrnСтанува збор за едноставна игра каде што играчот мора да нареди серија кукли по специфичен ред, воден од „сигнализација“ на одобрување или неодобрување.rnrn
rnrnВакамија го купила нејзиниот прв компјутер кога имала 60 години, кога била принудена да замине во пензија по 43 години служба во голема банка.rnrn
rnrnТаа сама научила да го користи компјутерот и да комуницира онлајн – искуство што ѝ отворило нови цели. Сега таа користи различни упатства и водичи наменети за постари корисници на компјутер и знае повеќе и од најновите генерации. Слушнете го и нејзиниот инспиративен ТЕД говор што ќе ви покаже дека никогаш не е доцна да научите нешто ново.rnrn
81-годишна жена научила да програмира и создала игра, докажувајќи дека никогаш не е доцна за учење
