Дали знаевте дека бобинките можат да ја намалат болката во мускулите по вежбањето?
Сите сме свесни за поволните ефекти на вежбањето врз нашето здравје и за тоа колку е важно тоа да ни прерасне во секојдневна рутина. Иако според експертите, процесот на согорување калории може да направи да се чувствувате полни со енергија, сепак на крајот на тренингот вие сте најчесто исцрпени. Се чини дека по секој тренинг болките во мускулите се неизбежни, но еве како да се изборите со овој проблем благодарение на храната богата со антиоксиданси. Прочитајте како бобинките можат да им помогнат на вашите мускули да закрепнат по тренингот.
Најверојатно после тренингот сте повнимателни во изборот на ужинка со оглед на тоа што интензивно сте вежбале со цел да согорите калории. Следствено на тоа, потребна ви е храна која ќе го зајакне вашето здравје, наместо да ви понуди празни јаглехидрати. Токму затоа бобинките се одличен избор за закуска по завршувањето на тренингот.
Ова се нивните корисни својства:
1. Бобинките содржат полифеноли кои пак, се антиоксиданси од растително потекло. Тие имаат функција да ги штитат клетките од оштетување.
2. Полифенолите во бобинките помагаат и при ублажување на отокот и болката во мускулите.
3. Бобинките содржат и антоцијанини, вид флавоноиди кои не само што им ја даваат преубавата боја туку и можат да ја подобрат циркулацијата на крвта.
4. Сите видови бобинки, без разлика дали станува збор за јагоди, малини, боровинки или друг вид бобинки, содржат јаглехидрати кои можат да го зголемат нивото на енергија. Тоа ќе ви биде од голема помош, особено доколку се чувствувате исцрпено по напорниот тренинг.
Секогаш можете да експериментирате и да додадете боровинки во вашето омилено смуди. Но, не заборавајте да ги вклучите во вашата редовна исхрана, особено по тренингот.
Откако откривте дека бобинките можат да ја намалат болката во мускулите особено по тренинг, можеби ќе сакате да откриете и нешто повеќе за гоџи бобинките и нивните корисни својства.
Извор: pinkvilla.com