Љубовен тест: Одберете една слика и откријте како се однесувате кога сте заљубени

Љубовен тест: Одберете една слика и откријте како се однесувате кога сте заљубени

Доволно е да изберете една од овие слики која ќе ви открие што ви е најважно во љубовната врска. Препуштете ѝ се на интуицијата!

Љубовен тест: Одберете една слика и откријте како се однесувате кога сте заљубени

 

  • Слика бр. 1

    Доколку ја одбравте оваа слика, она што за вас преовладува во љубовната врска, барем во моментот, е стравот. Можеби овој страв се должи на некое тешко искуство од минатото кое ви предизвикало трауми. Но, што ако сега имате можност да започнете одново? Зарем нема да се чувствувате послободни кога ќе го надминете стравот и ќе ги преболите сите рани?

  • Слика бр. 2

    Со самото тоа што ја избравте оваа слика, покажувате дека вашиот приоритет во љубовната врска е сигурната иднина. Имате потреба од сигурност, стабилност, но и заеднички план со партнерот за да знаете дека сте покрај вистинската личност. Скептични сте кога станува збор за љубовни врски или романтични страсти кои завршуваат исто толку брзо како што започнуваат.

  • Слика бр. 3

    Тоа што ве води во љубовната врска се импулсите. Им се препуштате на чувствата, без да водите сметка за рационалното. Вие сте од оние луѓе на кои не им е грижа што мислат другите, едноставно се предавате речиси без размислување. Ваквото однесување може понекогаш да биде извор на проблеми. Затоа, од големо значење е да можете да воспоставите рамнотежа.

  • Слика бр. 4

    Вашиот идеал е основната, чиста љубов ослободена од секакви предрасуди. Вие сте личност која не се плаши да го слуша срцето, а за вас љубовта е нешто што постои надвор од времето и просторот. Цврсто верувате во тоа дека кога две срца ќе се спојат, ништо нема да може да ја прекине светата врска меѓу нив.

  • Слика бр. 5

    Оваа слика покажува дека она што ве води во љубовта е токму мистеријата. Доколку нешто ве привлекува, тоа е енигмата која не можете да ја решите и ви треба време малку по малку да успеете да дешифрирате барем делче од неа. Токму ова е клучниот фактор што ќе ве натера да се вљубите! Кога станува збор за љубовта, таинственоста е таа што ви дава најголем поттик.

Доколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг тест каде ќе изберете едно срце за да ја откриете вашата љубовна порака.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар