Нема да ви се верува: Патување со авион од Пекинг до Њујорк за само еден час!
Дали за неколку години ќе можеме да поминеме толкаво растојание за толку кратко време? Според кинеската компанија, Space Transportation, ова ќе биде можно во блиска иднина!
Имено, според веб-порталот news.com.au, кинеската компанија го претставила планот за изградба на хиперсоничен авион кој би можел да ја помине рутата од Пекинг до Њујорк во времетраење од само еден час. Авионот претставува еден вид „ракета со крила“ и е дизајниран да лета 12.000 километри на час. Следната година ќе се вршат тестирања, а компанија се надева дека летовите официјално ќе започнат во 2024 година.
На видеото објавено од кинеската компанија се гледа како авионот се одвојува од крилата по полетувањето кои се враќаат на лансирната рампа.
„Развиваме ракета со крила за брз транспорт од една до друга дестинација, побрза од традиционалните авиони, а чија цена ќе биде пониска од ракетите што носат сателити“, изјавиле од компанијата.
Во поглед на технолошкиот развој, хиперсоничните авиони и нивното усовршување се меѓу главните приоритети на Кина, при што земјата продолжува да инвестира големи суми во овој сектор. Предложениот хиперсоничен авион е поголем од Боинг 737, а дали патувањето од Кина до САД ќе трае еден час ќе дознаеме во блиска иднина.
Откако прочитавте за најновите технолошки достигнувања во поглед на воздушниот сообраќај, можеби ќе сакате да прочитате и за првиот подземен хотел во светот.
Извор: punkufer.dnevnik.hr