Дали во последно време чувствувате дека е време за промена во вашиот живот, но не знаете од каде да започнете? Можеби некоја од овие книги ќе ви помогне да го најдете одговорот!rnrn
rn
1. „Хипотеза на среќата“ од Џонатан Хајд
rnВо оваа инспиративна книга, психологот Џонатан Хајд ги изнесува на виделина верувањата на предците и ги става под лупа на модерната наука. Книгата исто така нуди практични совети за среќата и нејзиното значење и како тивката околина, блиските односи и кратките патувања од дома до работа можат да имаат голем удел во неа.rnrn
rn
2. „Сопнувајќи се на среќата“ од Даниел Гилберт
rnДаниел Гилберт е познат психолог кој направил многу интересни експерименти докажувајќи дека човечкиот ум е пристрасен. Во оваа книга авторот ни покажува дека како луѓе непрецизно проценуваме што нè правело среќни во минатото, што нè прави среќни во сегашноста и што ќе нè направи среќни во иднината. Според писателот, среќата има сосема мала врска со она што се случува во нашите животи; таа повеќе зависи од начинот на кој ги гледаме работите.rnrn
rn
3. „Начин на размислување на победникот: Психологија на успехот“ од Керол Двек
rnСветски познатиот психолог од Стенфорд, Керол Двек, ни посочува дека нашите таленти и способности можат да ни донесат успех, но тоа зависи од начинот на кој ќе им пристапиме. Оваа книга дефинитивно ќе ви помогне да работите повеќе за да ги постигнете сите ваши цели.rnrn
rn
4. „Психологија на влијанието. Како да научите да ги убедувате другите“ од Роберт Чалдини
rnОва е класична книга која од психолошки аспект објаснува зошто луѓето велат „да“. Книгата е водич за 6-те универзални принципи кои можат да ви помогнат за да станете вешти во убедувањето, но и да се одбраните од туѓите убедувања.rnrn
rn
5. „Размислување, брзо и бавно“ од Даниел Канеман
rnДаниел Канеман е израелски и американски научник и добитник на Нобеловата награда за економија. Неговата книга ќе ви помогне да разберете како луѓето размислуваат и како и зошто реагираат. Книгата нуди и многубројни објаснувања од аспект на психологијата, па така ќе разберете зошто ги правите работите на начинот на кој ги правите.rnrn
rnrnОткако ја прочитавте нашата листа со психолошки книги кои можат да ви го променат животот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 книги ќе ви помогнат да го подобрите расположението и начинот на размислување.rnrnИзвор: allwomenstalk.com