Како да бидете горди на себе и на она што сте?
Сигурно досега сте слушнале фрази од типот: „Кој треба да бидеш, што треба да бидеш, каде треба да бидеш – сè ќе си дојде на свое место“. Но, дали е навистина така? Дали нештата кои ги посакуваме едноставно ќе ни „паднат од небо“ без да мрднеме ниту со прст за нив? Најверојатно и не затоа што ни е потребно едно нешто што се вика… работа.
Да, мора да работите за да бидете таму каде што сакате да бидете. Ваша одговорност е секое утро да се запрашате себеси дали вашиот живот се движи во посакуваната насока, а ако не, што можете да направите во врска со тоа. Не можете да се разбудите еден ден и да си речете себеси: „Можам да го направам ова затоа што…“. Не. Потребна ви е работа, а тоа понекогаш може да биде навистина долг процес.
Борете се за вашите соништа
Откријте што е тоа што треба да направите за вашиот сон да се претвори во реалност. Дознајте што ве спречува да ги остварите вашите соништа и обидете се да ги елиминирате тие пречки. Стравот е една од најчестите пречки кога станува збор за нашите соништа. Иако на сите нам ни е добро познато дека многу полесно е да се каже отколку да се направи, сепак обидете се да го надминете стравот. Важно е да не се откажувате. Не очекувајте дека животот е бајка и дека сè ќе си дојде на свое место. Ако не успеете првиот пат, обидете се пак, одново и одново.
Сакајте се себеси
Чувајте се и сакајте се себеси. Самодовербата ќе ви помогне да ги надминете сите пречки, иако понекогаш ќе има денови кога нема да имате волја и желба за ништо. Во тие моменти, доволно е да ги споделите своите тешкотии со најблиските и да побарате поддршка од нив.
Животот е полн со падови и подеми и затоа направете го вреден за паметење
Не седете со скрстени раце, очекувајќи светот да ви го даде она што го посакувате. Наместо тоа, борете се за вашите желби, направете го она што треба да го направите и пружете си ја можноста да бидете среќни. Иако можеби ви се чини дека работите се одвиваат премногу бавно, сепак доволно е тоа што се движите во потребната насока. Запомнете дека вие сте единствените кои сте способни да го промените сопствениот живот.
Бидете горди на себе и на сопствените соништа
Најважно од сè е да бидете горди на себе. На крајот на денот, вие мора да живеете за себе. Секако, тука се пријателите, семејството и саканите, но морате да се сакате и да се прифатите себеси онакви какви што сте за да можете да ја ширите својата љубов кон другите.
Откако ги прочитавте нашите совети за како да бидете горди на себе, можеби ќе сакате да прочитате и дека не треба да сте горди на себе ако сте постојано зафатени.
Извор: yourtango.com