КАФЕ ПАУЗА

Најголемиот дијамант на светот: кога е откриен и каде се наоѓа денес?

Најголемиот дијамант на светот: кога е откриен и каде се наоѓа денес?

Кон крајот на јануари 1905 година бил откриен најголемиот дијамант во Јужна Африка. Каменот тежел 622 грама и имал повеќе од 3.000 карати, а името го добил според сопственикот на рудникот, Кулинан. Имено, рудникот се наоѓал во близина на Преторија во Трансвал, денешна Јужна Африка.rnrnНајголемиот дијамант на светот: кога е откриен и каде се наоѓа денес? rnrnКога надзорникот на рудникот, Фредерик Велс, го добил каменот, тој првично сметал дека се работи за обично парче стакло, па дури и го фрлил низ прозорец. Дијамантот подоцна бил купен од владата на Трансвал по цена од 150.000 фунти и бил дониран на кралот Едвард VII како залог на верност. Кралот првин не сакал да го прими, но на крајот попуштил.rnrnДијамантот бил испратен со параброд во Амстердам под најголемо обезбедување. Едвард VII го добил како роденденски подарок, а потоа му го предал на познатиот сечач на дијаманти, Џозеф Ашер. Но, тоа не било едноставна работа бидејќи и најмала грешка можела да го оштети дијамантот и да ја намали неговата цена. Џозеф долго време се подготвувал за свечениот момент, а при првиот обид сечилото се скршило бидејќи дијамантот бил неочекувано цврст.rnrnЏозеф бил под толку голем стрес што се онесвестил кога го преполовил дијамантот. Кулинан бил преполовен на 9 поголеми и 96 помали камења од кои повеќето станале дел од колекцијата на круната на Англија. Најголемиот камен кој е издлабен од Кулинан е Големата ѕвезда на Африка од 530,40 карати или дијамант Кулинан I, а вториот по големина е Втората ѕвезда на Африка од 317 карати или Кулинан II. Поголемиот дијамант го краси жезолот, а помалиот се наоѓа на царската круна.rnrnСепак, важно е да се знае дека приказната зад дијамантите пронајдени во Африка и не е толку блескава. Скапите дијаманти се продаваат на компании за трговија со дијаманти за да се финансираат граѓанските војни.rnrnТемата беше особено актуелна и преку филмот „Крвав дијамант“ од 2006 година на режисерот Едвард Звик со Леонардо ди Каприо и Џенифер Конели. Освен тоа, песната на Канје Вест „Дијаманти од Сиера Леоне“, како и документарниот филм за ситуацијата во Сиера Леоне наречен „Блинг“, придонесоа за уште поголемо актуелизирање на оваа тема.rnrnРударите кои работат во нехумани услови, експлоатацијата на жени и деца, заканите, корупцијата, тортурата и убиствата се дел од мрачната сложувалка на индустријата за дијаманти за која зборуваат медиумите, уметниците и филмаџиите. Организации како Обединетите нации презедоа чекори за намалување на меѓународната трговија со т.н. крвави дијаманти.rnrnВо оваа насока вреди да се спомене иницијативата Кимберли процес која донесе посебни одредби за намалување на продажбата на крвавите дијаманти, како и намалување на стапката на криминал и забрана на приватната трговија. Во оваа иницијатива се вклучени држави и регионални организации кои вршат трговија со дијаманти. Тука се сите големи земји кои произведуваат, извезуваат и увезуваат необработени дијаманти. Иако процесот Кимберли ја забави трговијата со крвави дијаманти, сепак шверцот и корупцијата се сè уште дел од трговијата со скапоцени камења.rnrnОткако прочитавте за најголемиот дијамант во светот, можеби ќе сакате да прочитате и како уметник дизајнирал кула што го претвора загадувањето во дијаманти.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr