Цитати од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денес

Цитати од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денес

Иако „Матрикс“ за прв пат беше прикажан пред 21 година, сепак постојат одредени цитати кои се сè уште релевантни. Имено, „Матрикс е научно-фантастичен акционен филм кој прикажува дистописка иднина каде човештвото е заробено во програмата наречена Матрикс. Оваа програма претставува симулација на реалноста создадена од машини направени со цел да го одвлечат вниманието на луѓето додека нивните тела се користат како извор на енергија. Сите три продолженија на „Матрикс“ истражуваат теми поврзани со заканата од технолошка контрола. Како што технологијата напредува секој ден, овие цитати од „Матрикс“ понекогаш нè тераат да чувствуваме дека животот е одреден вид симулација.

Цитати од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денес

 

„Си почувствувал ли некогаш дека не си сигурен дали си буден или сонуваш?“

„Не ми се допаѓа помислата дека не можам да го контролирам сопствениот живот.“

„Единствениот начин на кој можете да преживеете е да се преселите на друго место. Постои уште еден организам на оваа планета што ја следи истата шема. Дали знаете што е тоа? Вирус. Човечките суштества се болест, рак на оваа планета.“

„Што е она што го посакуваат сите моќни луѓе? Повеќе моќ.“

„Дали некогаш си сонувал сон Нео, каде сè се чинело толку реално? Што ако не си можел да се разбудиш од тој сон? Како би ја знаел разликата меѓу сонот и јавето?“

„Се плашиш од промени. Не знам како ќе изгледа иднината. Не дојдов овде за да ти кажам како ќе заврши сето ова. Дојдов да ти кажам како ќе започне.“

„Не можеш да го објасниш она што го знаеш, но го чувствуваш. Цел живот чувствуваш дека нешто не е во ред со светот. Не знаеш што е тоа, но чувството е тука, како делче во мозокот, и те полудува.“

„Секој цицач на оваа планета инстинктивно развива природна рамнотежа со околината, но вие луѓето не го правите тоа. Наместо тоа, се размножувате и размножувате сè дури не ги потрошите сите ресурси.“

„Се обидувам да ти го ослободам умот, Нео. Но, можам само да ти ја покажам вратата. Ти си оној кој треба да помине низ неа.“

„Постои разлика помеѓу тоа да го знаеш патот и да чекориш по патот.“

„Ако реалноста е сето она што можете да го почувствувате, вкусите, помирисате и видите, тогаш реалноста е само куп електрични сигнали кои вашиот мозок се обидува да ги протолкува.“

Откако ги прочитавте најпознатите цитати од „Матрикс“, можеби ќе сакате да прочитате и за  дистописката серија во која човечките вредности не постојат.

Извор: yourtango.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини