На кој начин просото може да стане дел од вашата секојдневна исхрана?
Просото може да ви послужи како замена за компир доколку сакате да направите пире, а може да го замени и оризот во класичните десерти како сутлијаш. Доколку го користите во мелена верзија, ќе добиете брашно со кое можете да печете слатки и солени јадења. Просото е лесно за варење и е богат извор на калиум, витамин Б и растителни влакна. Покрај тоа, изобилува со протеини и има низок гликемиски индекс, па може да ве задржи сити подолго време. Во продолжение прочитајте на кој начин просото може да стане дел од вашата секојдневна исхрана.
1. Како прилог за месо или зеленчук
Во тава пропржете го просото (на една часа просо одговараат две чаши вода) околу две минути. Потоа истурете ја водата, додајте маслиново масло и кога ќе зоврие намалете ја топлината и варете околу 17 минути додека не испари поголемиот дел од течноста. Тргнете ја тавата од оган, промешајте ја смесата и послужете како прилог за месо или зеленчук.
2. Како замена за палента
Ставете го просото во блендер за да добиете смеса слична на палента. Пропржете го во тенџере без масло и додајте вода (на чаша просо можете да додадете околу три чаши вода). Гответе 18 до 20 минути и често промешувајте. На крајот можете да измешате малку путер или рендано сирење.
3. Како млеко
Просото можете да го употребите како основа за домашно растително млеко кое ќе го користите во смуди, во кафето или како додаток во слатки и солени јадења. Сварете го просото и оставете го да се излади. Измешајте го просото со три и пол чаши вода, процедете и по желба додајте малку сол и половина лажичка соја сос, како и две до три лажици мед, па измешајте и повторно процедете ја смесата. Можете да додадете и цимет или ванила по желба.
Откако прочитавте на кој начин просото може да стане дел од вашето секојдневно мени, можеби ќе сакате да ги прочитате и 6-те правила со кои варењето на храната ќе ви биде многу полесно.
Извор: punkufer.dnevnik.hr