Дали знаете кој е најтоплиот и најзелениот германски град?

Дали знаете кој е најтоплиот и најзелениот германски град?

Фрајбург е истовремено најтоплиот и најзелениот град во Германија. Во 1975 граѓаните со голем протест ја прекинале планираната изградба на нуклеарен генератор во близина на полињата и оттогаш градот полека се претворил во пример за одржливост.

Дали знаевте кој е најтоплиот и најзелениот германски град?

Од велосипедски патеки па сè до градини, градското собрание користи енергија добиена исклучиво од соларни панели и посветува посебно внимание на локално произведената храна. Со други зборови, овој студентски град ги нуди сите услови за квалитетен и здрав живот.

Дали знаевте кој е најтоплиот и најзелениот германски град?

Целиот град е рај за велосипедистите поради присуството на велосипедски патеки долги 400 километри. Тие се протегаат и низ околните шуми и села. Велосипедите можат да се изнајмат преку апликација. Посебно занимлива е турата која минува покрај реката Драјзам, разноразните градини, паркот со скулптури, како и живописните улични мурали.

Дали знаевте кој е најтоплиот и најзелениот германски град?

Доколку се одлучите да се возите со жичницата која патем се одликува со најдолгата патека во Германија, нема да зажалите. Нејзиното име Schauinslandbahn буквално означува „поглед кон внатрешноста“  – жичницата од врвот висок 1220 метри нуди преубав поглед на градот и околината, а свежиот воздух исполнет со мирис на борови дрвја е пријатен и релаксирачки.

Дали знаевте кој е најтоплиот и најзелениот германски град?

Ваубан е пример за еколошка, одржлива населба. Тука нема автомобили, а местата за паркирање се заменети со зелени површини. Сите куќи се нискоенергетски и сите користат соларни панели. Продавниците и кафулињата изобилуваат со органски опции, а тука ќе најдете и работилници за решавање конфликти! Дали е тоа европска иднина или само утопија ќе покаже времето.

Дали знаевте кој е најтоплиот и најзелениот германски град?

На сите им е добро познат фактот дека германското пиво е едно од најдобрите пива во светот. Тоа се должи на стар закон според кој за производство на пивото биле дозволени само четири состојки: хмељ, вода, квасец и слад. Најпознатите пивници во градот се Гантер и Фајерлинг чии рецепти за производство на пиво датираат дури од 18 век. Тие исто така организираат тури во кои им објаснуваат на посетителите како да ги искомбинираат историските рецепти со напредната технологија. Доколку го посетите овој град, не пропуштајте да го пробате и локалниот пијалак Weir кој е комбинација од пиво и вино.

Откако прочитавте за германскиот град Фрајбург, можеби ќе сакате да прочитате и за германскиот град кој е сè уште енигма за туристите.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар