Ново чудо на архитектурата: Вавилонска градина на 21 век
Висечките градини на Вавилон се сметаат за едно од седумте чуда на античкиот свет. Антички извори укажуваат дека се работи за градба која личи на скалеста пирамида изградена околу 600 година п.н.е., а на нејзините тераси растеле растенија кои биле наводнувани со вода од Еуфрат.
Ова светско чудо го доби својот наследник – во Шангај. Минатата година покрај реката Вусонг бил отворен станбено-деловниот комплекс 1000 Trees кој, како што кажува името, е покриен со илјада дрвја поради што е прогласен за вавилонска градина на 21 век.
Се работи за проект на британското архитектонско студио Heatherwick за кинеската компанија Tian An кој го дизајнирале комплексот да изгледа како две планини покриени со шума. Монументалните бетонски столбови се користени како еден вид жардинери за секое дрво.
Комплексот е покриен со мешавина од листопадни и зимзелени дрвја од локално потекло, како и различни грмушки и цвеќиња. Според некои податоци, досега се засадени околу половина од планираните 250.000 растенија. Овде дрвјата не служат само како украс туку и како природни регулатори на температурата во текот на целата година.
Овој комплекс е лоциран на околу 20 минути од центарот на Шангај и се наоѓа во близина на познатата уметничка област M50. Поради тоа не е чудо што јужната фасада на зградата е насликана од локални уметници.
Засега комплексот располага со продавници, кафулиња и ресторани, а во иднина треба да има и музеј, кино, деловни канцеларии и станбен простор.
Откако прочитавте за вавилонската градина на 21 век, можеби ќе сакате да прочитате и дали иднината на архитектурата лежи во т.н. живи куќи.
Извор: punkufer.dnevnik.hr