Кои се најбезбедните земји за соло патување?

Сподели

Едно од најважните прашања за секој кој патува сам е „дали е безбедно“. Кога патувате сами, морате да ја земете предвид безбедноста при изборот на вашите дестинации. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со најдобрите земји за соло патување.

Реклама

rn

Костарика

rnКостарика не само што е една од најубавите земји во светот туку и е една од најдобрите земји кога станува збор за соло патување. Мирните плажи, богатата фауна, прекрасните погледи кон океанот ќе направат да се чувствувате како да сте во рајот. Доколку патот ве одведе накај Костарика не заборавајте да посетете и некоја од плантажите за кафе кои се меѓу најдобрите производители на кафе во светот.

rn

Исланд

rnЈадењето бакалар додека во позадина оди музиката на Бјорк, енергичната музичка сцена и ноќниот живот во Рејкјавик, плажите со црн песок, северната светлина, Сината лагуна и гејзерите – сето ова мора да го искусите доколку одите на патување во Исланд.

rn

Нов Зеланд

rnДоколку ви се укаже можност, не пропуштате да го посетите местото каде Питер Џексон ги снимал „Господарот на прстените“ и „Хобитот“. Преубавите планински и крајбрежни пејзажи ќе ви ја доловат магијата од едно друго време и ќе го збогатат вашиот блог за патување со неверојатни фотографии.

rn

Словенија

rnСместена помеѓу Хрватска, Италија, Австрија и Унгарија, Словенија и не е толку преплавена со туристи што ја прави скриено богатство меѓу најпознатите туристички дестинации во Европа. Малите, романтични средновековни градови и села, прекрасните пазари и старите калдрмисани улички со кафулињата ќе ви пружат неповторливо искуство.

rn

Тајланд

rnБескрајните бели песочни плажи, врвната гастрономија, пријателски настроените локални жители како и ниските цени се доволна причина за веднаш да го спакувате куферот и да отпатувате до Тајланд!

Откако ја прочитавте нашата листа со најбезбедните земји за соло патување, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 5-те причини зошто да патувате по светот потполно сами.

Извор: allwomenstalk.com

Популарно

Може ќе ве интересира