КАФЕ ПАУЗА

Ресорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небо

Ресорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небо

Прекрасниот ресорт со име „Desert Rock“ или „Пустинска карпа“ е најновиот туристички проект на компанијата Red Sea Development Company во Саудиска Арабија. Сместен на необична локација меѓу планините на Ријад, проектот е дизајниран од страна на Oppenheim Architecture чија цел е да им обезбеди необично и несекојдневно искуство на посетителите.rnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrn

„Сакавме да создадеме дестинација што ќе им овозможи на гостите да ја искусат недопрената убавина на Саудиска Арабија“, вели Џон Пагано од компанијата. „Пустинска карпа има за цел не само да им пружи преубав поглед на посетителите кон пустината, туку и да го зачува природниот пејзаж за во него да уживаат и идните генерации.“

rnЗа да стигнат до одморалиштето, патниците ќе треба да поминат низ долината скриена меѓу планините. Сместувачките капацитети кои опфаќаат 48 вили и 12 хотелски соби ќе им овозможат на гостите да ја искусат пустината на сосема нов начин. Покрај сместувачките капацитети, одморалиштето ќе располага со спа и фитнес центар. Посетителите ќе имаат можност и да се вклучат во дополнителни активности како пешачење, возење низ пустината и набљудување на ноќното пустинско небо. Првите гости се очекуваат кон крајот на 2022 година, но изградбата ќе трае сè до 2023 година.rnrnВо продолжение погледнете ги фотографиите од овој преубав ресорт.rnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnРесорт во Саудиска Арабија им нуди неповторливо искуство на посетителите под ноќното пустинско небоrnrnОткако прочитавте за ова преубаво одморалиште скриено во планините на Ријад, можеби ќе сакате да прочитате и за ресортот на Филипините со нула отпад.rnrnИзвор: mymodernmet.com