Растението женшен е азиско растение кое во голема мера е застапено во традиционалната медицина, особено во источноазиските земји. Најраспространето е во Кина, Кореја и Сибир. Во изминатите 3 децении, стана една од најпопуларните билки во целиот свет. Во продолжение прочитајте повеќе за здравствените придобивки од ова растение.rnrn
rnrnНајчесто се користи исушениот корен на билката за кој се смета дека има лековити својства во поглед на лекување кожни заболувања, модринки, отоци и рани. Денес се користи најмногу во производите за нега на кожата како маски за лице, креми за очи и серуми. Според едно истражување од 2017 година, клучните придобивки на женшенот се:rn
- rn 011
- Намалување на знаците на стареење
- Антивоспалителни и антиоксидативни својства
- Заштита на кожата
rn 011
rn 011
rn
rnЖеншенот е богат со витамини и минерали, па затоа е погоден за сите типови кожа. Неговите активни компоненти како женсенозид, можат да помогнат во процесот на ревитализација и реактивирање на кожните клетки.rn
Ја намалува појавата на тенки линии и брчки
rnЖеншенот ја зајакнува циркулацијата во крвните садови при што ја помага синтезата на колагенот. Две клинички испитувања покажале дека екстрактот од женшен ја намалува појавата на брчки. Според друго испитување, екстрактот од женшен исто така може да ја зголеми хидратацијата на кожата при што го спречува формирањето на нови тенки линии.rn
Го одржува сјајот на кожата
rnБез разлика дали вашата кожа е помрсна или посува, антиоксидантните својства на женшенот ѝ помагаат на кожата да ја задржи влагата, но и да го врати природниот тен.rn
Го ублажува црвенилото на кожата
rnЕдно истражување од 2013 година покажало дека женшенот има антиинфламаторни и антиоксидантни својства кои можат да помогнат во ублажување на црвенилото, отокот и акните. Екстрактот од оваа билка може дури и да помогне при некои кожни заболувања бидејќи друго испитување покажало дека женшенот ги намалува симптомите на воспаление кај луѓето со егзема.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од женшенот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 11 намирници треба да ги избегнувате ако сакате мазна кожа без брчки.rnrnИзвор: greatist.com