Неделен хороскоп од 27 декември до 2 јануари: Време е да се подготвиме за нови почетоци!
Дали сте подготвени да ја дочекате 2022 година? За сите нас беа тешки претходните две години, но време е да се подготвиме за нови почетоци. Загрижени сте за одлуките што треба да ги донесете оваа недела? Не грижете се и дозволете ѕвездите да ви го покажат патот. Во продолжение прочитајте го неделниот хороскоп од 27 декември до 2 јануари за сите хороскопски знаци.
Овен
Оваа недела ќе имате повеќе енергија и инспирација да се посветите на целите во кариерата затоа што ќе научите да користите подобри стратегии. Околу средината на неделата ќе бидете преоптоварени со семејни и работни обврски. наместо да барате решенија од надворешни извори, погледнете внатре во себе. Во следниот период ќе бидете во добро здравје и најверојатно нема зошто да се грижите за тоа.
Бик
Во првите неколку дена од неделата ќе бидете инспирирани да вложите повеќе труд во односите со другите преку преземање иницијативи за разноразни активности и проекти кои ќе бидат во согласност со вашите долготрајни цели. Ќе се чувствувате повеќе ангажирани и мотивирани ако најдете начин на поврзување со заедницата околу вас. Што се однесува до здравјето, постои веројатност дека ќе имате проблеми со желудникот.
Близнаци
Оваа недела ќе го покажете сиот свој потенцијал благодарение на транзитот на Марс во вашиот знак почнувајќи од среда. Периодот што следува ќе биде одличен момент за преземање конкретни дејства. Ќе имате можност да го претворите во реалност сето она за кое сте надевале. Околу четврток, ќе дојдете до сознание како да одржувате рамнотежа во блиска врска. Астролозите исто така ви предвидуваат решавање на долгогодишните здравствени проблеми оваа недела.
Рак
Во периодот што следува ќе бидете мотивирани да размислите за нови методи за примена на вашите знаења и вештини. Планетите ќе ви ја дадат потребната енергија за дејствување. Венера пак, ќе ви помогне да се поврзете со некого на подлабок и поискрен начин, што ќе ви помогне да се чувствувате сигурни во себе. И оваа недела здравјето добро ќе ве служи.
Лав
Оваа недела ќе биде совршен момент да направите самоанализа. Под влијанието на Меркур, ќе имате помала желба за дружење, но и потреба да си посветите повеќе време себеси. Сепак, ако сакате да вложите време и напор во вашите врски, погрижете се тие да бидат со луѓе кои ви се важни. Во петок, под влијание на Месечината, ќе направите ризик да се ослободите од вашата монотона рутина. Сфативте дека ви требаат повозбудливи средби што ќе ви го прошират хоризонтот. Здравјето ќе ви биде добро оваа недела.
Девица
Под влијанието на Меркур, ќе можете полесно да го изразите она за што сте размислувале кога станува збор за иднината. Презентирајте ја таа идеја пред повисокото раководство и ажурирајте ја вашата биографија. На тој начин, ќе имате можност да ги покажете вашите вештини и способности. Месечината, од друга страна, ќе влијае врз вашето здраво расудување што ќе доведе до рамнотежа и стабилност што отсекогаш сте ги барале. Искористете го ова време да истражувате, да им посветите внимание на саканите, но и да се одморите.
Продолжува на следната страница…