6 совети за како да останете мотивирани при спроведување на вашите новогодишни одлуки
Дали сте во потрага по стратегија како да останете мотивирани за да ги остварите вашите новогодишни одлуки? Во продолжение ви предлагаме неколку совети со кои сме сигурни дека новогодишните одлуки нема да останат запишани само на хартија!
1.Користете го терминот напредок наместо новогодишна одлука
Животот е постојано растење, менување и прилагодување на нова средина и околности. Зошто тогаш би ни биле потребни некакви решенија или одлуки? Самиот збор укажува на одлучност и следствено на тоа притисок, наместо саморефлексија и подобрување. Наместо „Нова година, нова личност“, подобро би било да се служиме со мотото „Нова година, поголем напредок“. Ова е еден од најдобрите начини да останете мотивирани и да ги постигнете вашите новогодишни одлуки.
2. Бидете реални
Некои имаат тенденција да состават листа од безброј предлози, без притоа да бидат свесни дека ако има помалку одлуки на листата, тогаш ќе биде полесно да ги остварат. Фокусирајте се на работите што навистина сакате да ги промените и кои реално можете да ги промените.
3. Дружете се со оние кои ве поддржуваат
Ние постојано сме во процес на подобрување на самите себе. Сепак, не занемарувајте го влијанието што поддршката може да го има секогаш кога ќе преземете некаков потфат. Поддршката може дефинитивно да придонесе за поголеми резултати, па затоа следниот пат би било добро да размислите дали личноста до вас ве поддржува во она што се обидувате да го постигнете.
4. Заборавете на неуспесите од минатата година
Понекогаш идејата за напредок ја градиме врз основа на нашите неуспеси и грешки од годината што завршува. Поставуваме цели врз основа на работите што не сме ги направиле или работи кои другите ги направиле, но не и ние, а сакаме да знаеме како да ги направиме. Сепак, не заборавајте го златното правило: „колку поедноставно толку подобро.“ На тој начин ќе си поставите цели за работите што сакате и можете да ги постигнете.
5. Следете ги вашите цели
Штом веќе сте си ги поставиле целите, време е да почнете да работите за нивното остварување, а како потсетник може да ви послужи календарот на Гугл или пак некој од најблиските. Важно е исто така да најдете начин како да го направите она што сте го замислиле. За секоја одлука направете листа со чекори и придржувајте се до неа. Ќе видите дека со тек на време, тоа ќе ви прерасне во навика и ќе ви помогне побрзо и полесно да ја постигнете целта.
6. Уживајте во животот
Без разлика дали се придржувате до вашата листа со новогодишни одлуки или не, сепак не заборавајте и да уживате во животот. Смејте се често, сакајте ги луѓето до вас и ширете позитивна енергија! Можеби сето тоа е клише, но е сепак остварливо. Среќна Нова година!
Откако ги прочитавте нашите совети за донесување новогодишни одлуки, можеби ќе сакате да ја прочитате и нашата листа со 6 новогодишни одлуки за вашето ментално здравје.
Извор: allwomenstalk.com