Home alive е нов проект на тим од експерти кои се дел од американската непрофитна организација за уметност, архитектура и урбан дизајн Terreform one, посветени на одржлив дизајн во хармонија со природата, и како што велат „еколошка и социјална правда за сите живи суштества“.rnrn
rnrnКога станува збор за иднината на архитектурата и употребата на природни материјали во изградбата на домови, Terreform one оди чекор напред со цел да изгради услови за домување кое буквално нè враќа на нашите корени. Една од главните карактеристики на овие домови е нивната самоодржливост и долговечност.rnrn
rnrnГлавната замисла на архитектите е домовите да се интегрираат во еколошка урбана заедница со помош на специјално дизајнирани структури, компјутерски програми, автохтони дрвја и дрвенести растенија. Живата куќа ќе расте со текот на годините, а столбовите на објектот направен од скелиња ќе ги насочи дрвјата да растат во посакуваната насока.rnrn
rnrnПреку своите проекти, Terreform one сака да помогне во борбата против исчезнувањето на автохтоните видови и да ја подигне свеста за можностите што ги нуди новата технологија во корист на планетата и идните генерации.rnrn
rnrnОткако прочитавте за т.н. живи куќи, можеби ќе ве интересира да прочитате и за куќата со необичен покрив и дизајнирана со математички алгоритам.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Дали иднината на архитектурата лежи во т.н. живи куќи?
