Млада Месечина во Јарец на 2 јануари: Следува период на инспирација и нови можности!

Млада Месечина во Јарец на 2 јануари: Следува период на инспирација и нови можности!

Оваа млада Месечина ќе биде во знакот на амбициозниот Јарец и ќе ни донесе голема инспирација и мотивација, особено кога станува збор за исполнување на новогодишните желби. Овој период позитивно ќе се одрази врз нашата финансиска состојба, но и ќе биде идеален момент за да го испланираме развојот на нашата кариера. Влијанието на младата Месечина носи потенцијал и нови можности. Постојат големи шанси дека сè што ќе започнете на 2 јануари може да се развива во добра насока.

Млада Месечина во Јарец на 2 јануари: Следува период на инспирација и нови можности!

На самиот почеток на 2022 година нè очекува наплив на моќна и силна енергија, не само поради новата година, туку и поради младата Месечина која ќе сјае на ноќното небо на 2 јануари.

Секоја нова месечина во астрологијата означува нов почеток, но тоа не значи дека треба веднаш да се направат промени. Одете чекор по чекор и бидете трпеливи. Под влијанието на младата месечина ќе наидете на многу идеи кои набргу ќе ги претворите во реалност. Оваа енергија ќе донесе можности за развој за сите хороскопски знаци, при што кај некои ќе се рефлектира повеќе, а кај некои помалку. Важно е дека секој знак ќе добие шанса.

Младата Месечина честопати нè повикува да размислиме за нашата моментална фаза од животот, но и да процениме што сакаме. Најдобар начин да го направите ова е да си дадете време и простор да се повлечете во себе и да ја прифатите осаменоста. Потпрете се на вашиот внатрешен глас, не плашете се да ги откажете плановите со друштвото ако повеќе сакате да бидете сами. Не занемарувајте ги вашите потреби – направете сè што е важно за позитивна трансформација, и однатре и однадвор.

Како што светлината на Месечината ќе се повлекува за време на оваа фаза, така ќе се намалуваат и нашите енергетски нивоа. Затоа е важно да го искористите овој период за да најдете доволна мотивација што ќе ви помогне да ги остварите вашите цели. Фазата на младата Месечина е добар период да почнете да се грижите за себе и да ги наполните батериите. На 2 јануари обидете се да бидете пољубезни и попозитивни кон себе, а воедно и да ја заштитите вашата чувствителна енергија. Избегнувајте да поминувате време со луѓе кои се песимисти. Правете ги оние нешта што за вас преставуваат извор на среќа и нови можности.

Откако прочитавте што ќе ни донесе младата Месечина на 2 јануари, можеби ќе ве интересира да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за јануари 2022 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини