КАФЕ ПАУЗА

За дамите над 40 години: Едноставни, но ефикасни трикови за разубавување

Кога веќе одминале вашите дваесетти и сметате дека тие ви биле најдобрите години, време е да се уверите дека најубавите години само што започнале. Но, како што минува времето, потребно е да ја промените и вашата дневна рутина за разубавување за да забележите разлика. Погледнете ги овие 8 совети што треба да ги применувате, со цел да се чувствувате прекрасно во своја кожа и на возраст над 40 години.rnrnТрикови за разубавување за жени над 40 годиниrn

1. Направете нова фризура

rnИсечете ја косата на слоеви со должина до рамената, а доколку пак се одлучите за бојадисување, избегнувајте темни нијанси, бидејќи косата природно осветлува со текот на годините.rn

2. Осветлете ги очите

rnНанесете сенка за очи со боја на шампањ или бисерно моливче на внатрешните агли на очите. Осветлувајќи ја таа област, ќе оставите впечаток дека сте повеќе будни и свежи, а ова е одлично за жените кои се борат со темни кругови околу очите.rn

3. Избелете ги забите

rnСо текот на времето забите стануваат сѐ повеќе склони кон боење. Но, сѐ уште не е време да се откажете од кафето. Најдобриот начин да ги избелите вашите заби природно е со помош на куркума.rn

4. Не заборавајте да користите крема со заштитен фактор

rnСонцето може да предизвика повеќе штета на вашата кожа отколку што можете да забележите. Поправете ја веќе направената штета со користење производи со ретинол за да ги омекнете линиите. Потоа, заштитете се од понатамошните штети користејќи крема за заштита од сонце.rnrnТрикови за разубавување за жени над 40 годиниrn

5. Честа ексфолијација

rnОтстранете ги сите мртви клетки од кожата со ексфолијација неколку пати неделно или со четка за чистење на лицето. Помислете на вашата мазна кожа на лицето како палета за нанесување беспрекорна шминка.rn

6. Дефинирајте ги веѓите

rnКако што стареете, вашите веѓи природно ќе станат потенки. Пополнете ги малку така што ќе добиете помлад изглед.rn

7. Користете маски за лице

rnМаските за лице нудат многу придобивки, без разлика на вашиот тип кожа. Користете маска од чајно дрво за да ја смирите или пак витамин Ц за да ја осветлите кожата. Настојувајте ова да биде дел од вашата неделна рутина.rn

8. Отстранете ја подуеноста под очите

rnПодуеноста под очите е резултат на намалена циркулација на крвта – нешто што природно доаѓа со текот на годините. Затоа, пронајдете ја кремата што ви одговара и нека стане дел од вашата рутина.