Тест: Изберете планета и откријте ги вашите карактерни црти

Тест: Изберете планета и откријте ги вашите карактерни црти

Планетите имаат одредено влијание врз нас и врз нашиот начин на живот иако не сме свесни за тоа. Изберете едно од овие небесни тела за да откриете детали за вашиот карактер.

Тест: Изберете планета и откријте ги вашите карактерни црти

  • 1. Месечина

    Месечината е симбол за мајчинството, не секогаш од аспект на мајката или женската фигура воопшто, туку ги изразува елементите на грижа и заштита. По природа сте разумна и дарежлива личност и сте внимателни особено кога станува збор за чувствата на луѓето во вашата непосредна близина. Не сакате да бидете во центарот на вниманието и честопати посветувате време на самоанализа. Вие сте од оние кои сакаат да се повлечат настрана за време на забавата и кои претпочитаат мирен разговор.

  • 2. Меркур

    Знаете како да се разберете со другите и да најдете заеднички јазик, па затоа вие ја имате функцијата на посредници. Не сакате да се влегувате во конфликти, добри сте со зборови, сакате забава и сте дружељубиви. Не сте од оние кои зборуваат за себе бидејќи ја чувате својата интимност подалеку од љубопитноста на другите. Понекогаш, за да ги наполните батериите, потребно ви е да поминете време сами и сте среќни доколку другите ја разберат оваа ваша потреба.

  • 3. Венера

    Една од вашите најдобри карактерни особини е емпатијата што ја чувствувате кон другите. Тоа ги прави луѓето кои се наоѓаат во ваша близина да се чувствуваат добро. Венера е симбол за надополнување на нештата, па оттука и нејзината привлечност. Умеете да ја цените уметноста и естетиката, внимавате на вашиот имиџ и по природа сте хармонична личност. Честопати имате тенденција да се оддалечувате од можните конфликти. Токму вашата емпатија е онаа што ве тера да се вклучувате во добротворни цели бидејќи знаете како да воспоставите соработка со вистинските луѓе.

  • 4. Сонце

    Сонцето е симбол за лидерство и ви помага полесно да ги поставите вашите цели и приоритети, но и да го одржите единството. На тој начин ја зацврстувате врската во семејството или во тимот на работа. Сепак, цената која најчесто ја плаќате во овој случај е тоа што секогаш ги одложувате сопствените желби на втор план бидејќи ги ставате желбите на другите пред вашите. По природа сте лојални и дарежливи и како лидер сметате дека секогаш мора да покажувате сигурност и самодоверба. Сепак, понекогаш се плашите да не згрешите и се чувствувате сами.

  • 5. Марс

    Вие сте борецот во вашето друштво и сте среќни кога се соочувате со предизвиците што ги носи животот, а тоа му дава смисла на вашето постоење. Вие сте воинот кој е постојано во освојување љубов, успеси, вредности и задоволство. Имате храброст и енергија да ги надминете сите пречки и сте независни по природа. Затоа не е за чудење фактот дека сакате самите да се грижите за себе и не ви се допаѓа кога другите прават нешто за вас, иако знаете дека сакаат искрено да ви помогнат. Вие сте од оние кои сами се борат за своите идеали и понекогаш ви е тешко да ги контролирате своите импулси.

  • 6. Јупитер

    Јупитер е симбол за дејствувањето. Сакате кога учите новите работи, оптимисти сте и екстроверт по природа. Благодарни сте му на животот за сите лекции и искуства, а вашата личност ја красат довербата кон луѓето и надежта. Секогаш планирате нешто ново и зрачите со позитивна енергија која сакате да ја споделите со другите, но и тие сакаат да бидат во ваша близина. Сакате да посветувате внимание на вашиот ментален развој и неретко болката ви служи како лекција и инспирација во животот. Не сте од оние кои постојано се жалат и не сакате да дискриминирате никого. Вие сте пријател на универзумот.

  • 7. Сатурн

    Сатурн е најмалку видливата планета со голо око. По природа вие сте реални, зрели и ги знаете своите граници. Ваквите особини придонесуваат секогаш да бидете организирани. Вие сте мудри, а понекогаш имате тенденција да бидете премногу строги. Не сакате промени, ниту пак изненадувања и претпочитате да се држите до она што веќе е зацртано. Имате добри односи со авторитетните личности, но не сакате кога ве испрашуваат. Не ја сакате тимската работа и претпочитате да работите самостојно. Од друга страна, вие сте прагматични и одговорни. Свесни дека полека, но сигурно, ќе ја достигнете вашата цел. Луѓето постојано ве прашуваат за совети затоа што веруваат во вас со оглед на тоа дека сте трпеливи и истрајни.

Доколку се забавувавте со овој тест на личноста, ви предлагаме да направите и друг тест за да откриете што ве очекува во 2022 година.

Извор: astral.cx


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар