Чајот не само што е одличен пијалак за време на студените денови, туку е и одличен додаток на различни јадења. При изборот на чај треба да се внимава аромата да одговора на состојките така што овошјето оди најдобро со овошни чаеви, а најдобар избор за месото е зелениот, црниот чај и чајот од јасмин.rnrn
rnrnПри подготовка на јадењето, може да се користат сувите лисја како и ќесички чај. Чајот се користи во колачи, при варење овошје, а на пареата од чај се варат риба и месо.rn
Потопете го сувото овошје во чајот за повкусен колач или компот
rnСувото овошје најдобро оди со суви колачи и компоти кои се најчест извор на нашите слатки задоволства во текот на зимските месеци. Сувите листови од чај можат да се додадат во кремот или сувото овошје да се натопи во чајот, а потоа да се додаде во колачот. Така, сувото грозје може да отстои 10 до 15 минути во чајот пред да го додадете во колачот. Тоа ќе придонесе да не биде толку сув колачот. Поголемите сушени плодови како кајсии, сливи и круши, можат да се стават во чај од бергамот каде ќе отстојат 10 минути, па да се додадат во компот. Ова ќе му даде на десертот совршен ароматичен шмек. За разлика од сувото овошје кое треба само да се натопи во чајот, свежото овошје се вари во чајот. Праските најдобро одговараат со чај од истото овошје, а јаболкото со чај од калинка.rnrn
rn
Желе од чај
rnЧајот може да послужи и како состојка за приготвување желе. Доволно е водата да ја замените со чај, да додадете желатин и овошен сок по желба. Во сад истурете 1,3/4 вода, 12 ќесички чај по избор, ¼ овошен сок, 3 шолји шеќер и ќесичка инстант желатин. Сварете го чајот, извадете ги ќесичките и додајте ги сокот и шеќерот, па варете уште две минути. Потоа додадете го желатинот и варете околу една минута. Добиената смеса истурете ја во тегли и оставете ја да се излади пред да ја послужите.rnrn
rn
Чајот служи како маринада, но може да се користи и при готвење на пареа
rnПокрај десертите, чајот одлично оди и со солени јадења. Рибата и месото можат да се маринираат со листови чај, но и да се готват на пареа од чај. Наместо вода се користи чај, најчесто од јасмин кој на рибата ѝ дава посебна арома. Во пет шолји вода ставете пет лажички суви листови од чај, една лажица соја сос, две лажички сок од лимон или оцет и малку сол и бибер. Филетите од риба се динстаат на пареа од 10 до 15 минути, по што можете да ги послужите.rnrn
rnrnОткако дознавте на кој начин можете да го користите чајот како додаток во вашите јадења, ви препорачуваме да прочитате и кои се здравствените придобивки на Ројбос чајот.rnrnИзвор: 24sata.hr