КАФЕ ПАУЗА

Тибетскиот хороскоп открива сè за вас врз основа на вашата година на раѓање!

Тибетскиот хороскоп открива сè за вас врз основа на вашата година на раѓање!

Астролошкото толкување со потекло од Тибет претставува комбинација од нумерологија и астрологија. За многумина, ова е еден од најпрецизните астролошки пристапи. Може да ви одговори на прашањата за вашите љубовни врски, вашите позитивни и негативни страни како и на што треба повеќе да обратите внимание. Знаците се формираат врз основа на годината во која сте родени. Забавувајте се додека откривате кој знак сте во тибетскиот хороскоп.rnrnТибетскиот хороскоп открива сè за вас врз основа на вашата година на раѓање!rn

Змеј (1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000)

rnЛуѓето родени во овој знак можат да бидат двосмислени и контрадикторни. Во секој момент можат да се претворат од добра самовила во личност полна со гнев. Тие често талкаат со мислите, сонуваат и живеат во облаци. Како резултат на тоа, не забележуваат колку е сложен и тежок животот затоа што не сакаат да се соочат со тоа. Се случува некој друг од нивната непосредна близина (родители, сопружници па дури и деца) да им ги решаваат проблемите. Овие луѓе се чувствителни и ранливи. Од друга страна, тие се друштвени, сакаат забава и безгрижен живот. Сепак, треба да бидат внимателни кон чувствата и потребите на другите.rnrnНајдобро се согласуваат со: Црниот биволrnТреба да го избегнуваат: Чуварот на пожаротrnСреќни броеви: 3, 15 и 27rnНајдобар месец: февруариrn

Кобра (1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001)

rnЛуѓето родени во овој знак се оратори, учители и филозофи. Тие се обидуваат сите да ги насочат на вистинскиот пат, да им кажат што да прават и како да победат. Сакаат да даваат мудри совети (на крајот на краиштата, благодарение на тоа, тие изгледаат попаметно во очите на другите). Секогаш се грижливи кон другите и се обидуваат да им помагаат, па понекогаш забораваат на своите потреби. Знаат да сакаат, да уживаат во успехот но и во животот со својата сродна душа. Луѓето што му припаѓаат на овој знак би требало повеќе да мислат на себе, наместо постојано да ги решаваат туѓите проблеми.rnrnНајдобро се согласуваат со: Жешкото сонцеrnТреба да го избегнуваат: ЗмејотrnСреќни броеви: 1, 13 и 25rnНајдобар месец: јуниrn

Чувар на огнот (1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002)

rnЧуварите на огнот се бранители на огништето, тие носат светлина и радост. Според тибетскиот хороскоп, луѓето родени во овој знак имаат многу развиена интуиција која им овозможува да го усогласат разумот со срцето. И покрај тоа што се опкружени со пријатели, чуварите на огнот не можат да се ослободат од чувството на осаменост. Тие се љубезни и искрени, но понекогаш можат да бидат воздржани, арогантни и конзервативни. Треба да се обидат да бидат поотворени и да не се отуѓуваат од другите.rnrnНајдобро се согласуваат со: МонахотrnТреба да го избегнуваат: ЗмејотrnСреќни броеви: 4, 16 и 28rnНајдобар месец: јануариrn

Извор на чиста вода (1943, 1955, 1967, 1991, 2003)

rnИзворот на чиста вода е извор на дарежливост, позитивна енергија и добрина. Луѓето родени во овој знак се држат настрана од суровоста, неправдата и комерцијализмот. Тие носат добри вести и позитивна енергија, ги ценат пријателските односи, а предавството го сметаат за недозволиво. На овие луѓе им се препорачува почесто да ја слушаат сопствената интуиција – тоа ќе им помогне да го изберат својот животен пат.rnrnНајдобро се согласуваат со: Столбот од жадrnТреба да го избегнуваат: ЗмејотrnСреќни броеви: 5, 17 и 29rnНајдобар месец: мајrn

Столб од жад (1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004)

rnЛуѓето родени во овој знак не сакаат гужви и јавни настани. Не толерираат принуда и каков било упад во личниот простор, претпочитаат тишина и осаменост. Понекогаш знаат да бидат активни, а нивниот брилијантен ум постојано трага по вистината, нешто што ги заморува другите. Оставаат впечаток дека се ладни и доминантни во општеството. Тибетскиот хороскоп им препорачува на овие луѓе да обратат повеќе внимание на светот околу нив, да станат пофлексибилни и проникливи.rnrnНајдобро се согласуваат со: Металниот гонгrnТреба да го избегнуваат: Црниот биволrnСреќни броеви: 6, 18 и 30rnНајдобар месец: ноемвриrn

Метален гонг (1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005)

rnЛуѓето кои му припаѓаат на овој знак се како храбри витези – верни, благородни и дарежливи. Тие се многу чувствителни и самокритични. Веруваат дека промените во животот се неизбежни, се обидуваат да не ги покажат своите лоши особини на другите, се ограничуваат на многу начини за да не му подлегнат на искушението. Тие претпочитаат да живеат за и поради некого. Треба да научат дека животот не е само достигнување високи идеали и да уживаат во него овде и сега.rnrnНајдобро се согласуваат со: Столбот од жадrnТреба да ја избегнуваат: ЖелкатаrnСреќни броеви: 7, 19 и 31rnНајдобар месец: септемвриrnrnПродолжува на следната страница…rnrn