rn
Желка (1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006)
rnЛуѓето родени во овој знак самите управуваат со својата судбина и создаваат поволни услови за реализација на сопствените планови. Тие се нежни и лојални, лукавството им е несвојствено. Тие се посветени на своите цели, но внимателно ги избираат средствата и начинот на кој ќе ја исполнат својата мисија.rnrnНајдобро се согласуваат со: Чуварот на огнотrnТреба да го избегнуваат: Металниот гонгrnСреќни броеви: 8, 20 и 30rnНајдобар месец: априлrnrn
rn
Кожна нараквица (1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007)
rnЛуѓето што му припаѓаат на овој знак се фасцинирани од мистицизмот и ги интересираат секаков вид тајни. Одвреме-навреме периодите на испосништво, изолација и склоност кон мрачни мисли го заменуваат со период на активна дружељубивост. Тие постојано се движат напред во животот и бараат нови пријатели. Сепак, маската на храбра заводничка или Дон Жуан честопати крие внатрешни комплекси и несигурности. Презираат секаков вид агресија и конфликт и остануваат емотивно врзани за најблиските луѓе.rnrnНајдобро се согласуваат со: Жешкото сонцеrnТреба да го избегнуваат: МонахотrnСреќни броеви: 9, 21 и 23rnНајдобар месец: мартrn
Црн бивол (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
rnЛуѓето родени во овој знак се однесуваат директно, никогаш не заобиколуваат и претпочитаат да сè да се разјасни одеднаш за да ги избегнат непријатните ситуации. Овие луѓе имаат силен карактер, полн со самодоверба, а тоа е она што ги привлекува другите. Тибетскиот хороскоп ги советува претставниците на овој знак да бидат внимателни со своите непријатели бидејќи не треба да ги потценуваат.rnrnНајдобро се согласуваат со: ЗмејотrnТреба да ја избегнуваат: КобратаrnСреќни броеви: 10, 22 и 29rnНајдобар месец: јулиrn
Млада месечина (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)
rnЛуѓето родени во знакот на млада месечина се чувствителни и нежни, но можат да се покажат и како активни во работата и страсни во љубовта. Младата месечина по природа е променлива, љубоморна – вистински предизвик, особено кога станува збор за љубовна врска. Тибетскиот хороскоп на луѓето кои му припаѓаат на овој знак им порачува да ги контролираат сопствените емоции и промени во расположението. Само тогаш ќе биде полесно и попријатно да се комуницира со нив.rnrnНајдобро се согласуваат со: ЗмејотrnТреба да го избегнуваат: Столбот од жадrnСреќни броеви: 11, 23 и 31rnНајдобар месец: августrn
Жешко сонце (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
rnЛуѓето кои се родени во овој знак се полни со виталност и оптимизам. Тие се и верни пријатели и асистенти, можете безбедно да се потпрете на нив во секоја ситуација. Сепак, се плашат да не ја изгубат слободата. Проблемите ги решаваат со неверојатна брзина благодарение на извонредните способности. Сепак, со текот на годините како да ја губат својата енергија и стануваат се посмирени и помалку весели. Тибетскиот хороскоп им препорачува да не дозволуваат да згасне огнот во нив.rnrnНајдобро се согласуваат со: Кожна нараквицаrnТреба да го избегнуваат: Чуварот на огнотrnСреќни броеви: 12, 24 и 26rnНајдобар месец: октомвриrn
Монах (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)
rnЛуѓето родени во овој знак се многу силни по природа, како лушпа од орев. Тие внимателно го избираат својот животен пат и се држат до него. Истовремено се весели и друштвени и имаат бујна фантазија. Монасите ја ценат љубезноста, отвореноста, спонтаноста и леснотијата на комуникацијата со другите луѓе. Во љубовните врски тие се лојални и постојани, неспособни за предавство и лицемерство. За да ги избегнат конфликтите треба да бидат поблаги кон другите бидејќи не сите знаат мудро да се однесуваат во животот.rnrnНајдобро се согласуваат со: Чуварот на огнотrnТреба да го избегнуваат: Изворот на чиста водаrnСреќни броеви: 11, 23 и 28rnНајдобар месец: декемвриrnrnОткако откривте кој е вашиот знак во тибетскиот хороскоп и кои се неговите карактеристики, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот кинески хороскоп за ноември 2021.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
