Посебен во поглед на многу нешта, Варанаси е еден од најстарите населени градови во светот – се одликува со историја подолга од три илјади години. Ако прашате некој хиндуист да ви објасни повеќе за овој град кој се наоѓа во индиската држава Утар Прадеш, ќе ви одговори дека се работи за свето место што вреди да се посети барем еднаш во животот.rnrn
rnrnВаранаси, наречен уште и индиски Ерусалим, а некои го споредуваат и со Рим, е античко место за аџилак и еден од седумте свети градови во Индија. Тука секојдневно пристигнуваат илјадници верници за да се капат во светата река Ганг. Секој ден, додека ѕвонат ѕвоната на храмовите, десетици илјади верници се спуштаат по камените скали за да ги измијат своите гревови. Погребните клади се палат и дење и ноќе на местата за кремирање, а молитвите за спас на починатите постојано одекнуваат.rnrn
rnrnИако Варанаси го посетуваат луѓе од сите краишта на светот, сепак не е туристички град. Интересен факт е тоа што повеќето жители со генерации не јадат месо. Тие го сфаќаат тоа толку сериозно што не би пиеле вода во куќа во која не живеат вегетаријанци. Храната во Варанаси не само што заситува, туку е и симбол на животот, силата, чистотата и радоста. Според верувањата на локалните жители, сатвичката или вегетаријанската/веганската храна ја зголемува виталноста и енергијата и вклучува јадења подготвени од свежа и органска храна без месо и конзерванси.rnrn
rnrnМесо, јајца, риба и алкохолни пијалаци не доаѓаат предвид во дневното мени на населението. Многу ресторани порано служеле месо за западните туристи, но владата во 2019 година ја забранила продажбата и потрошувачката на месо на 250 метри растојание од сите храмови и знаменитости во Варанаси. Така, рестораните почнале да приготвуваат локални вегетаријански рецепти кои биле дел од гастрономската традиција на овој град со децении.rnrn
rnrnТоа не значи дека кујната во Варанаси е монотона. Напротив, изобилува со вкусови, бои и ароми и секако, доколку патот ве однесе на ова свето место вреди да ја пробате.rnrnОткако прочитавте за овој град во Индија, можеби ќе сакате да дознаете и кои 5 волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr
Свето место и рај за вегетаријанци. Проверете за кој град станува збор
