КАФЕ ПАУЗА

14 начини да ја изградите најдобрата врска во вашиот живот

Автор: Сања ПетровскаrnrnСите ги обожаваме бајките на Дизни. Нема девојче на овој свет кое не си го замислува својот принц на бел коњ ниту, пак, има момче кое не посакува убава и паметна девојка како некоја од главните хероини. Сите сме заљубени во идеалот за совршената врска и тајно посакуваме да ја имаме и ние. Но, додека на Дизни му е дозволено мечтите и соништата да ги спакува во преубава приказна и добро познатото и си живееја среќно до крајот на животот, реалноста е малку поинаква. На секоја врска треба да се работи и во секоја врска треба да се вложува и од двете страни. Проблемите навистина постојат и тие можат да се решат. Совршена врска не постои, но доколку навистина ѝ се посветите, таа ќе биде најдобра што може.rnrn1-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

1. Заборавете дека љубовта е нешто што се случува само од себе

rnНе е тајна дека првата фаза во секоја врска е заљубеноста. Тоа не е љубов. Меѓусебната љубов се гради и стекнува со тек на време.rn

2. Обидете се да допрете до саканата личност

rnНикој не може да функционира сам, па согласно ни врската не може да опстои сама од себе. За секоја врска се потребни двајца, а тие двајца подобро функционираат кога заедно се обидуваат да создадат нешто.rn

3. Следниот пат кога ќе се чувствувате загрижено, нервозно, тажно, спомнете му го тоа на вашиот партнер или бидете тука за него доколку тој е оној кој се чувствува така

rnВрската треба да претставува безбедно место каде ќе се чувствуваме сакани и разбрани, каде ќе добиеме поддршка и љубов кога ни се најпотребни.rnrn5-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

4. Препознајте ги моментите кога се чувствувате оддалечени еден од друг, не можете да пристапите кон партнерот за некоја работа или ставате одбранбен штит пред себе

rnКога сте во врска би требало да уживате во слободата да бидете тоа што сте, без да чувствувате потреба некои работи да ги тргате на страна. Но ако тие постојат и успеете да ги препознаете, зборувајте со вашиот партнер за нив и обидете се да најдете решение.rn

5. Ставете акцент на меѓусебната комуникација

rnЕдна од најважните работи за да опстои врската е да може да зборувате еден со друг. Така не само што ќе успеете да ги решите проблемите и да ги совладате разликите, туку ќе го подобрите и начинот на кој го правите тоа.rn

6. Зборувајте со партнерот за тоа како влијаете еден на друг

rnСигурно сте слушнале дека љубовта ја јакнее мотивацијата. Убавата и стабилна врска влијае позитивно на вас и на вашето функционирање, па влијанието кое го има вашиот партнер на вас и она кое вие го имате на него се исто така меѓу најважните работи во една врска.rn

7. При расправија, секогаш обидете се да ги согледате работите и од перспективата на партнерот

rnРасправиите настануваат затоа што дошло до судир на различни ставови за една иста работа. И нормално дека мислиме дека ние сме во право. Но тоа не е секогаш така, па согледувањето на работите од друга гледна точка може многу да помогне во решавање на проблемот.rnrn3-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

8. Секојдневно работете на зголемување на меѓусебната блискост преку примена на игри на емпатија

rnЗамислете некоја случка, по што партнерот според изразот на вашето лице треба да одлучи како се чувствувате во врска со тоа. Ова води кон полесно распознавање на чувствата кај вашиот партнер што само повеќе ќе ве зближи.rn

9. Пронајдете што ви треба во врската и споделете го тоа со вашиот партнер кој треба да го направи истото

rnОва ќе ви овозможи да се сконцентрирате на тоа што меѓусебно ви недостасува и да вложите малку повеќе за да го добиете.rn

10. Бидете свесни дека емоционалните повреди ја разоруваат врската

rnЛути, тажни или бесни, ништо не ги оправдува лошиот збор и дело. Вашиот партнер ве сака и почитува, се потпира на тоа дека вие сте неговата поддршка и очекува да го добие истото за возврат. Доколку емотивно го повредите и притоа не може да го сподели тоа со вас, тоа полека ќе го разорува однатре, а со тоа ќе се разори и вашата врска.rn

11. Најдобриот рецепт за секс е отворена комуникација и емоционална поврзаност

rnКога ќе успеете целосно да се отворите еден пред друг, што ќе го постигнете само со меѓусебно комуницирање, и кога од врската ќе ја добивате потребната слобода на изразување и чувствување, само тогаш вашиот сексуален однос ќе има способност да го достигне врвот. А ретко која врска без него може да опстои.rnrn2-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrn

12. Зборувајте за тоа како сте научени да се справувате со емоциите

rnЗа подобро да функционирате како пар, потребно е да се најдете на заедничка подлога на која заедно ќе ја градите врската. Со емоциите, кои се неизбежен дел од врската (на пр. нема шанси да се налутите и едноставно да го игнорирате тоа), секој се справува на различен начин. И тоа е во ред сè додека не претставува проблем. Зборувајте за ова и обидете се да се прилагодите еден на друг.rn

13. Кажете си еден на друг што си имате зацртано за цел во следниот период и обидете да си помогнете во нивното постигнување

rnВо врска мора да постои меѓусебна поддршка. Кога вашиот партнер ве прифаќа и од него го добивате потребното разбирање, тогаш тој може да ви помогне во постигнување на некоја цел. Па уште и ако таа цел е заедничка, тогаш и ограничувањата во врската веќе нема да постојат.rn

14. Почитувајте ја и охрабрувајте ја меѓусебната поврзаност

rnНајдете кој свесно или несвесно применуван ритуал ја зајакнува вашата врска и одделете време за истиот. Секој пат сè повеќе ќе ве зближува и ќе ја направи вашата врска посилна од кога било.rnrn4-14-nachini-da-ja-izgradite-najdobrata-vrska-vo-vashiot-zhivot-kafepauza.mkrnrnЗа да изградите убава и силна врска, потребно е целосно да се внесете во тоа. Потребни се откажувања, прилагодувања и вложувања и од двајцата партнери. Потребни се доверба, разбирање и поддршка, а тие несвесно ги градите и стекнувате со меѓусебна комуникација и секојдневно меѓусебно емоционално поврзување. Љубовта е најважна, но само таа не е доволна.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.