Британскиот уметник Џастин Бејтмен ја наоѓа инспирацијата во природниот пејзаж, па така создава привремени уметнички дела од камчиња. Уметникот моментално живее во Тајланд на чии плажи, шуми и железнички остава свои траги преку привремените детални портрети со камчиња.rnrn
rnrnОд познати лица па сè до врвни уметнички дела, секој мозаик го доловува субјектот преку ограничената палета на бои на камчињата. Џастин никогаш не ги планира своите портрети однапред. Наместо тоа, тој ги остава камчињата самите да одлучат во која насока ќе се одвива уметничкото дело.rn
„Уметноста секогаш треба да биде неограничена, а сепак, во нејзината ограниченост ја наоѓам слободата“, вели тој, „Убавината во целиот овој процес е што немам идеја како ќе изгледа мозаикот на самиот почеток од неговото создавање“, објаснува Џастин.
rnПотребни се неколку дена за да се направи еден ваков портрет со камчиња, но уметникот не се приврзува за неговите мозаици. Тој се инспирирал од духовната пракса на тибетските монаси кои создаваат мандали од песок, а потоа ги уништуваат. Ова служи како потсетник за непостојаноста на животот, тема која ја истражува и Џастин. Најголемо задоволство наоѓа во фактот дека природата на крајот ќе си ги земе материјалите што тој ги користи.rn
„Моите дела се привремени, јас оставам само траги“, вели тој.
rnИако секој од мозаиците е „осуден“ да исчезне, сепак Бејтмeн го фотографира за да има свој дигитален спомен. И тоа за среќа ни овозможува и нам да им се восхитуваме на неговите прекрасни дела.rnrnВо продолжение погледнете дел од неговите импресивни мозаици.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnОткако прочитавте за овие прекрасни мозаици со камчиња, можеби ќе сакате да прочитате и за необичните мозаици со портрети инспирирани од африканската култура.rnrnИзвор: mymodernmet.com