Истражувањата потврдија: Новиот Eucerin Hyaluron-Filler 3 x Effect е ефикасен во борбата против брчките во 99% од случаите
Дури 200% повеќе хијалурон!
Набрзо по 20-тата година моќта на регенерација на хијалуронот во кожата опаѓа, а со тоа опаѓа и еластичноста на кожата, што резултира во создавање брчки и нерамнини. Желбата за вечно млада кожа постои откако постои човекот, а потрагата по совршениот препарат кој ќе ја „подмлади“ кожата е напорна и долга. Сепак, најновите истражувања покажуваат дека новата генерација на Eucerin® Hyaluron-Filler дава надеж дека брчките конечно ќе станат минато…
Повеќе од 1.400 волонтери со различни типови кожа учествуваа во над 35 интензивни ин витро и ин виво студии, и над 1500 клинички мерења, каде беа користени различни методи за да се открие како производите за намалување на брчки делуваат на нивната кожа. Волонтерите беа тестирани во тек на подолг период, за да се следат реакциите на кожата и нивото на задоволство.
По четири недели употреба, 99% од учесниците потврдија дека брчките се видливо намалени, а 98% потврдија дека производите се спротивставуваат на процесот на стареење. 97% изјавиле дека користеле Eucerin® Hyaluron-Filler дневен крем за да се чувствуваат помлади. Дури и по само две недели користење, 90% потврдиле дека нивната кожа изгледа видно помлада.
Истражувањето покажа дека новата генерација на Eucerin® Hyaluron-Filler не само што ја надополнува содржината на хијалуронска киселина, туку и го стимулира сопственото производство на кожата на хијалуронска киселина за повеќе од 200% и го намалува нејзиното разградување за повеќе од 50%. Овозможува троен ефект: пополнува, стимулира и штити благодарение на високо и ниско молекуларната хијалуронска киселина, сапонините и новиот – еноксолон.
Глицин-сапонинот го поддржува производството на колаген и ја зголемува неговата концентрација за 49% . Додека активната состојка еноксолон добиен од коренот на растението сладунец, го инхибира распаѓањето на хијалуронската киселина под дејство на ензимот хијалуронидаза за повеќе од 50%.
Уникатната комбинација од овие состојки овозможува задржување на влагата во кожата, добра хидратација, и поттикнување на биолошката способност на кожата да произведува повеќе хијалуронска киселина.
Резултат: Намалувањето на фините линии и уште подлабоките брчки, подобро од било кога!
Слични резултати во студиите беа пријавени и за Eucerin® Hyaluron-Filler Серумот, кој е погоден за секаков тип кожа, а особено се препорачува за деликатните области околу очите и усните. Тука, по четири недели употреба, 99% од волонтерите потврдија дека фините линии и брчки се видливо намалени и дека производите го спречуваат процесот на стареење, 96% велат дека користењето на дневниот крем Eucerin® Hyaluron -Filler ги прави да се чувствуваат помладо.