КАФЕ ПАУЗА

Архитекти дизајнираа ресорт на Филипините со нула отпад

Архитекти дизајнираа ресорт на Филипините со нула отпад

Дали некогаш сте слушнале за терминот аркологија? Италијанскиот архитект Паоло Солери го измислил терминот за да го прикаже односот помеѓу архитектурата и екологијата и како овие две гранки можат да бидат комбинирани во еден еколошки дизајн. Тоа е и целта на проектот Nautilius Eco-Resort чиј главен архитект е Винсент Калебо.rnrnАрхитекти дизајнираа ресорт на Филипините со нула отпадrn

„Во свет на кој му се закануваат климатските промени, проектот Nautilius Eco-Resort сака да го подобри еко-туризмот преку концептот на тројна нула: нула отпад, нула емисии и нула сиромаштија. Откријте го светот без да му наштетите. Ревитализирајте ги екосистемите наместо да ги осиромашувате и загадувате. Активно учествувајте во реставрацијата на културното наследство“, објасни Винсент.

rnАрхитекти дизајнираа ресорт на Филипините со нула отпадrnrnОвој уникатен дизајн се состои од елементи што ги следат природните процеси и форми. Малите кули се поставени на три гранки и се ориентирани така што имаат најдобар пристап до сончевата светлина во текот на денот. Павиљоните во облик на ливчиња и корали обезбедуваат простор за научниците кои го истражуваат морскиот свет со цел да го подобрат биодиверзитетот.rnrnАрхитекти дизајнираа ресорт на Филипините со нула отпадrnrnВо центарот на лагуната се наоѓа простор за пливање како и лаборатории со надеж дека ќе придонесат за поголема интеракција помеѓу научниците и туристите. Масивните зелени школки се мали хотели со простор за изложби што ќе се фокусираат на локалната клима и еколошките прашања. Ова е од особено значење за Филипините бидејќи се соочуваат со многу еколошки проблеми како резултат на прекумерниот риболов и климатските промени.rnrnАрхитекти дизајнираа ресорт на Филипините со нула отпадrnrnСпоред архитектите, проектот има за цел да изгради нов општествен систем што подеднакво ќе се грижи и за здравјето на луѓето и за планетата.rnrnОткако дознавте за дизајнот на ресорт на Филипините со нула отпад што е чекор плус во борбата со климатските промени, можеби ќе сакате да ја прочитате информацијата дека средношколците на Филипините мораат да засадат по 10 дрвја пред матурирање.rnrnИзвор: mymodernmet.com