Штикли

Штикли

Автор: Butterfly

Штикли

8-ца, 10-ка, 18-ка, 20-ка…
Црни, црвени, кафени, сиви, бели, виолетови…
Отворени, затворени, зимски и летни.
Штикли.
За некого само обувки, за некого неподносливи.
За мене незаменливи.
Обожувани, сонувани, посакувани. Едни од малите нешта кои ме прават среќна.
Кога ќе кажам штикли, помислувам на елеганција, отменост, малку арогантност, а пред сè женственост. Моќ работите да ги гледаме од малку повисоко.
Ме потсеќаат на вечер, ноќ, и се единствени сведоци на она што вистински се случило таа вечер. Кријат тајни, прават болки.
Способни да разбудат еден цел град, да ги растреперат улиците, да се слушнат, да остават некој без сон.
Ме носеле секаде каде што сум посакувала, места кои само тие ги памтат.
Покрај тоа што биле агресивно соблекувани, одделени од ногата поради страст, болка, тие секогаш го знаат патот за назад, и никогаш ама баш никогаш не ги раскажуваат своите приказни и тајни средби со градските сокачиња и скали.
Нивниот звук го означува почетокот на една ноќ, една љубов, една средба, еден танц…
Моите штикли се спремни да одекнат низ улиците…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Anomis Reply

    well said =]]]

  2. Смајли Reply

    Tuu i poezija za stikli pocnavte da pisuvate xD
    Sala, super e.
    Inaku ti si butterfly od glamstik ili ne? 🙂

  3. Butterfly Reply

    definitivno ne 🙂

  4. i? Reply

    и шо сакаше да каже писателот со ова??? јес да и јас сум страствен љубител на штикли ама ова е глупост.

    • мм Reply

      со тебе сум. малку бесмислено е некако…

  5. Waldorf Reply

    Ми се допаѓа, одлично претставено. 😀

Остави коментар