КАФЕ ПАУЗА

Најнов тренд: Уредување на домот со фототапети

Најнов тренд: уредување на домот со фототапети

Дали сте забележале дека во последно време просториите со модерен стил се уредени со фототапети? Овие тапети се со подобар квалитет и нудат поразновиден избор за разлика од оние што се користеа во минатото. Па така, денес можете да ја претворите која било фотографија во тапет што целосно ќе ја освежи просторијата.rnrnНајнова мода: уредување на домот со фототапетиrn

Како да го направите вистинскиот избор?

rnВо продавниците можете да најдете голем избор на фототапети. Разликите се состојат во мотивите, но и во квалитетот и материјалот од кој се изработени. Тие можат да бидат изработени од хартија или пластифицирани. Втората варијанта е полесна за одржување бидејќи може да се мие, додека хартиените тапети се чистат само со сува крпа.rnrnНајнова мода: уредување на домот со фототапетиrn

Различни дезени

rnКога станува збор за дезените, изборот можете да го направите од каталог или пак да се консултирате со печатница што ќе ги изработи тапетите според ваша фотографија. Внимавајте фотографијата да ги исполнува критериумите во однос на резолуцијата и големината, за печатењето да биде што е можно поквалитетно.rnrnПри изборот, задолжително имајте предвид каде ќе го поставите фототапетот бидејќи мотивите кои се идеални за спална соба може да не одговараат за дневната соба и обратно. Во секој случај, фототапетите се моќно средство за декорација и оставаат силен впечаток, освежувајќи го целиот простор.rnrnНајнова мода: уредување на домот со фототапетиrn

Поставување

rnПред да ги залепите фототапетите, потребно е да ги поправите пукнатините и темелно да го исчистите ѕидот. Лепилото се подготвува со растворање во вода. Најпрвин треба да ги организирате деловите од фототапетот во една целина, а потоа да почнете да лепите дел по дел. При поставувањето мора да ги следите линиите што претходно биле сте ги нацртале на ѕидот за да може деловите да се вклопат правилно. Хартиените фототапети се поставуваат така што лепилото се нанесува на задната страна. Доколку вашите фототапети се пластифицирани, најпрвин го премачкувате ѕидот со лепило, а потоа ги лепите.rnrnНајнова мода: уредување на домот со фототапетиrnrnСе надеваме дека ви дадовме неколку идеи за освежување на вашиот дом, па би сакале да ги споделиме со вас и останатите трендови во уредувањето на домот во 2021 година.