Внесете боја во вашиот дом преку овие детали

Внесете боја во вашиот дом преку овие детали

Уморни сте од вашиот дом во неутрални тонови? Шарените детали се идеален начин за освежување на просторот, а еве неколку едноставни предлози за дополнување на вашиот ентериер.

Внесете боја во вашиот дом преку овие детали

Врата

Вратите во впечатлива боја се многу ретки во домовите. Затоа тие се идеални за сите оние кои сакаат да се истакнат со оригиналност. Ако и само една врата ја офарбате со интензивна боја тогаш целиот амбиент ќе изгледа сосема поинаку. Доколку сте похрабри, направете го тоа со влезната врата и посакајте им топло добредојде на вашите гости.

Внесете боја во вашиот дом преку овие детали

Полици

Едноставната, повеќенаменска полица е парче мебел што речиси секој од нас го има во својот дом. Овој здодевен елемент лесно се претвора во детаљ што привлекува внимание – сè што треба да направите е да го обоите внатрешниот дел на полицата. Можете да примените различни техники, било боја што одговара на материјалот на полицата или пак самолеплива фолија…

Внесете боја во вашиот дом преку овие детали

Кујнски елементи

За да може вашата кујна да добие сосема нов изглед, не е неопходно да ја менувате целата, доволно е само да ги замените индивидуалните кујнски елементи. Оваа минимална интервенција ќе го освежи просторот и ќе му даде поинаков печат.

Внесете боја во вашиот дом преку овие детали

Столови

Изборот на столови во впечатлива боја е одличен начин за освежување на трпезаријата, а доколку си играте со различни бои ќе постигнете уште повпечатлив ефект. Изберете еден модел на стол, но не мора да бидете целосно конзистентни кога станува збор за нијансите. На пример, можете да одберете комплет столови во неутрална боја и да вметнете еден или два во светла нијанса, а доколку сте похрабри, секој стол нека биде со различна боја. Доколку пак, не сте во можност да купувате нов трпезариски мебел, ова можете да го постигнете така што ќе ги офарбате старите столови.

Внесете боја во вашиот дом преку овие детали

Откако прочитавте како можете да внесете боја во вашиот дом со минимални интервенции, прочитајте и кои се шесте парчиња за уредување на ентериерот што ги имаат сите девојки со стил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар