Потребата за маче или куче има длабоко космичко значење
Потребата да чуваме маче или куче силно влијае врз нашата човечка психологија, но има и длабоко космичко значење. Зошто е тоа така?
Многубројни истражувања покажале дека постои невидлив контакт помеѓу животните и луѓето. Се смета дека за време на интеракцијата, човечкото биолошко поле резонира со полето на животната сила на здраво животно. И бидејќи структурата на внатрешните органи кај цицачите е слична со онаа на луѓето, тие можат да ја „цицаат“ лошата енергија од нашите органи.
Досега многу е напишано за позитивното влијание на енергијата помеѓу човекот и животните. Многумина од вас сигурно имаат забележано дека мачката може да осети кога нејзиниот сопственик е тажен. Мачката е мистериозно животно и има речиси магични способности да ја отстрани негативната енергија. Кога ќе почувствува негативна вибрација околу сопственикот, таа ја враќа виталноста и ја лечи енергијата. Седи близу до сопственикот сè додека не почувствува дека е „полна“ со негативна енергија, а потоа тивко се повлекува.
Мачката е единствениот цицач што може нормално да функционира по исцелувањето на вибрациите. Тоа значи дека никогаш не смеете да ја запрете мачката да го напушти местото покрај вас ако таа одлучила така бидејќи тоа значи само едно – таа веќе ја презела вашата негативна енергија и сега и самата треба да се наполни со нова енергија.
Кучињата најчесто ја имаат улогата на наши ангели-чувари и нè штитат како во добро, така и во лошо. Тие честопати дејствуваат како сунѓери, па така секоја негативна енергија насочена кон сопственикот – завист, страст, омраза, гнев и слично, сите овие работи ги апсорбира кучето. Тоа е чувар и заштитник во вистинска смисла.
Кучињата имаат вграден механизам на висок отпор кон „енергетската прашина“, но ако кучето е болно цело време или покажува знак на депресија, треба добро да размислите дали воопшто да чувате куче или не. Тие се многу усогласени со енергијата на сопственикот.
Потребата да чуваме маче или куче влијае и врз нашата психологија. Кое е духовното значење зад сето тоа?
Духовното значење на поседувањето мачка
Астролошки гледано, мачката ја претставува благоста на месечината. Месечината како природен сателит зрачи ментална мекост, добрина и ги претставува тајните на светот. Децата или возрасните сакаат да имаат мачка кога се чини дека сè во нивниот живот е надвор од рамнотежа.
Мачките се многу добро организирани и можат да ни бидат пример за тоа како и ние самите да се организираме подобро. Кога детето копнее за маче, тоа може да има бројни значења, но најчеста причина е тоа што детето сака да почувствува космичка блискост со друго суштество.
Децата од 2 до 3 години се длабоко поврзани со космичката енергија и копнежот по мачка значи дека сакаат да ја одржат оваа врска силна, дури и откако ќе пораснат и ќе ги преземат сите улоги што треба да ги играат во своето тогашно човечко тело.
Понекогаш може да значи дека на детето му недостига емоционална храна во рамките на семејството и му е потребна емоционална поддршка, па така мачката би била една од најдобрите можни решенија.
Кај возрасните, копнежот по мачка може да се појави во различни ситуации кога се чувствуваат емоционално празни или кога им треба силно духовно присуство околу нив.
Духовното значење на поседувањето куче
Кучето ја претставува енергијата на сонцето.
Кога детето копнее по куче, тоа е знак дека е подготвено за животот и дека ќе ги подобри своите креативни способности. Тоа значи дека детето го крие уметникот во себе и чека можност да го ослободи. Детето кое сонува за кученце сака да биде забележано и чувствува потреба да ги развие своите таленти со цел да ги изненади и воодушеви другите. Ако возрасно лице сонува да има куче, тогаш е време да го промени својот живот.
Сонцето е енергија во која сакаме да се претопиме кога ни се чини дека сè е лошо и кога немаме ниту најмала желба да продолжиме понатаму. Толку е голема усогласеноста меѓу кучето и човекот што и двете страни можат да се разберат на најдлабок можен начин.
Откако откривте како присуството на домашни миленици влијае врз човечката психологија, ви препорачуваме да ги погледнете овие фотографии кои ја прикажуваат неверојатната врска помеѓу животните и луѓето.