Откријте зошто вреди да поминувате повеќе време играјќи со вашите деца

Сподели

Игрите се важен дел од детството што честопати се занемаруваат или се земаат здраво за готово. Децата сега и самите наоѓаат начини да се забавуваат, при што имаат повеќе опции на располагање отколку генерациите пред нив.

Реклама

Треба да ја искористите секоја можност за игра со децата, а не да ја избегнете затоа што тоа се драгоцени моменти од огромно значење за децата. Верувале или не, постојат еден куп придобивки од играта со вашите деца дури и за вас. Покрај тоа, играњето со вашето дете е многу важно за градење на социјалните и емоционалните врски помеѓу вас. Овие факти ќе ве натераат да ги гледате детските игри во сосема ново светло.rn

Времето поминато во игра е време поминато во градење вештини

rnИграњето им помага на децата да развијат секаков вид вештини. Кога се помали, тие преку игрите ги развиваат своите моторни вештини како и креативноста. Како што растат, кај нив се развиваат стратегиите за регулирање на емоциите и социјалната интеракција.rn

Играта им помага на децата и родителите да бидат физички здрави

rnНаучно е докажана врската меѓу играта и физичкото здравје, особено во однос на превенцијата од дебелина кај децата. Играта исто така благотворно делува и врз физичкото здравје на родителите, што се манифестира со ослободување на хормонот окситоцин, познат како „хормон на љубовта“.rn

Игрите имаат важна улога при справување со емоциите

rnИграта им помага на децата полесно да се справат со стресот и чувството на вознемиреност пред да станат доволно зрели за да ги споделат тие чувства со другите. Игрите можат да имаат позитивно дејство и врз менталното здравје на родителите, особено во поглед на секојдневниот, брз ритам на живот.rn

Играта ви овозможува да изградите стабилна и сигурна врска

rnСекогаш кога играте со вашето дете, создавате спомени и на тој начин ја развивате вашата врска. Играта е одличен начин на продлабочување на односите помеѓу родителот и детето што може дури и да помогне при лечење стари рани и трауми.rn

Играта може да ја подобри писменоста

rnИграта е од големо значење кога станува збор за развивање на јазичните и комуникациски вештини кај децата. Преку игра, децата ја учат една од најважните лекции за јазикот. Тие го усвојуваат концептот за апстрактно претставување, односно идејата дека еден предмет може да претставува нешто друго.rn

Играта им помага на децата да станат независни

rnПреку игра, децата се чувствуваат удобно во интеракцијата со светот околу себе, самите го прават изборот и стануваат свесни за последиците од него. Тоа истовремено им овозможува да изградат доверба во своите способности.rn

Играта помага да се развијат способности за решавање проблеми

rnИгрите им овозможуваат на децата да ги развијат вештините за решавање проблеми и тоа преку имагинарна игра која вклучува безброј различни сценарија. Возрасните користат друг метод, но социјалната интеракција во комбинација со апстрактно размислување може да биде исто толку ефектен пристап.

Откако дознавте колку е важно да поминувате што повеќе време играјќи со вашите деца, откријте и какво влијание има играњето со камчиња врз развојот на детето.

Популарно

Може ќе ве интересира