Витамини кои помагаат при согорување калории
Доколку сакате да го отстраните вишокот килограми или пак да одржувате здрава телесна тежина, морате да бидете свесни за количината на хранливи состојки што ја внесувате. Исто така, сигурно сте слушнале дека некои намирници го забрзуваат процесот на согорување калории. Во тоа можат да помогнат и одредени витамини, па во продолжение ќе ви откриеме кои се тие.
Витамин Д
Иако некои истражувања ја докажаа поврзаноста помеѓу зголемената телесна тежина и малата количина на витаминот Д во организмот, сè уште не е утврдено дали овој витамин ги согорува калориите сам по себе. Сепак, според една анализа е покажано дека додатоците на овој витамин заедно со правилна исхрана и редовна физичка активност можат да влијаат врз намалувањето на телесната тежина.
Од друга страна, недостатокот на витамин Д ја зголемува депресијата и влијае врз промената на расположението како и на квалитетот на сонот. Тоа пак, следствено влијае врз прекумерниот внес на калории.
Магнезиум
Овој додаток го подобрува сонот како и одговорот на телото на стрес. Високото ниво на стрес пак, се манифестира со инсомнија, зголемен апетит и покачена тежина. Магнезиумот не ги согорува калориите, но го поттикнува процесот на слабеење, а со тоа и позитивно влијае врз промената на квалитетот на животот. Магнезиумот е присутен во семки од тиква, јаткасти плодови и намирници од цело зрно.
Витамин Ц
Според некои истражувања, витаминот Ц му помага на телото да се ослободи од оксидативните масни наслаги. Затоа, овој витамин е поврзан со регулирањето на хормоните на стрес. Јагодите, кивите, брокулата, спанаќот, цитрусното овошје и дињите се богати со овој витамин.
Откако дознавте кои витамини можат да ви помогнат во симнувањето вишок килограми, можеби ќе сакате да научите и трик со кој ќе го преполовите бројот на калории во лебот.