Виолетов песок и сончева порта во карпа: Плажа за восхитување од безбедна далечина
Фајфер е тешко достапна плажа лоцирана во Биг Сур, помеѓу Сан Франциско и Лос Анџелес. Оваа песочна убавина се наоѓа под рид и е опкружена со прекрасни камени формации.
Една од карпите има пукнатина на дното и пропушта бранови и сончева светлина, создавајќи посебен ефект што фотографите го обожаваат.
Освен тоа, во северниот дел на плажата може да најдете и песок прошаран со виолетови тонови, благодарение на школките што се наоѓаат во околните карпи.
За жал, не се препорачува да пливате бидејќи морето е студено и полно со силни струи, а дното е карпесто. Па, така, останува да ѝ се восхитувате на оваа плажа од далеку.
Погледнете го ова прекрасно езеро со илјада острови кое нема лесно да го лоцирате на мапата.