5 природни чаеви за полесен сон
Спиењето е клучно за функцијата на целиот организам бидејќи ги обновува и ги освежува умот и телото и ни овозможува да имаме повеќе енергија и да бидеме попродуктивни во текот на денот. Живееме со многу брзо темпо на живот, па не е изненадување што барем во некоја фаза од животот имаме проблеми со несоница. Природните техники можат трајно да ги поправат и да ги подобрат нашите навики, а во продолжение прочитајте неколку ефикасни решенија за подобар сон.
Чај од камилица
Благодарение на многуте лековити состојки, како што се апигенин и бисаболол, често се меша со други билки (по можност маточина) за да се направи врвен пијалак за здрав сон.
Чај од лаванда
Лавандата има способност да ги намали вознемиреноста, стресот и постоперативната болка, а сите овие работи придонесуваат за појава на несоница. Лавандата го релаксира телото и мириса прекрасно.
Чај од маточина
Маточината има способност да го смири умот и да ја намали вознемиреноста. Освен тоа, има одличен вкус.
Ројбос чај
Овој чај содржи железо и магнезиум, а се верува дека овие минерали помагаат во борбата против несоницата.
Чај од валеријана
Валеријаната е едно од ретките растенија што всушност има седативни својства. За попријатен вкус, слободно додајте друга билка како нане или камилица. Чајот од нане е, исто така, еден од чаевите што имаат смирувачки ефект.
Прочитајте зошто кафето наутро може да биде подобро од чајот.