Доаѓа есен: 10 кадифени каучи што се идеални за вовлекување под ќебе
Се ближи есента, а со тоа доаѓаат и ладните вечери што сигурно сакате да ги поминете на каучот со читање добра книга или гледање на вашата омилена тв-серија. А, удобниот кауч е составен дел од овие планови.
Внимателно избраниот кауч може да го трансформира изгледот на целата дневна соба. Во последно време, кадифените каучи што зрачат со софистицираност и елеганција стануваат сè повеќе популарни. Кадифената ткаенина е мека и мазна на допир, но исто така претставува дополнителен извор на топлина.
Порано, овој мебел можеше да се најде само во аристократските куќи, но денес е неизбежен дел од модерните домови.
Денес можете да најдете каучи во прекрасна палета на бои, од нежни розови нијанси до темнозелени што ќе одговараат на сечиј вкус.
Погледнете ги фотографиите во продолжение за да добиете инспирација како да ја уредите вашата дневна соба, во која ќе доминира кадифениот кауч.
Погледнете како да внесете свежина во домот со помош на пастелни бои.